Не можам да избројам колку пати се имам жалено. Џабе. Први го почнаа тоа со лажниот обид за достава (демек ти ѕвонеле, ама не те добиле). Сам доставувачот ми кажа дека имал многу пратки, не можел да стигне, затоа така правеле. И колку глупости, со отворена пратка ми имаат дојдено, ја дале на друг по грешка. И да не набројувам, имам пишувано и претходно. Мене најмногу ми пречи што нема опција за комуникација со човек. Се е автоматизирано и не знам колку од поплаките реално и се читаат и стигнуваат кајшто треба.
Досега сите нарачки преку ЕЛС ми стигаа, ама да знаеш се чека подолго време од Pull&Bear додека ја испроцесираат и испратат нарачката. Е откако ќе ја испратат, брзо стига. Сум пишала мал милион пати и џабе, со барање нарочито лично мене веќе да не ми испраќаат преку Вип, на што добив одговор дека системски се доделувала курирската служба и не можеле да сменат. Кај нас отворија претставништво, па овојпат таму си ја подигнав, што на крај и не е решение со оглед дека плаќаме 250 ден за достава.
Мене не ме контактираа од Вип за да вратам производи. На апликацијата се беше уредно внесено кои производи ги враќам, џабе се жалев. Од вип ми велеа никој дека ги нема контактирано, аи агентот од зара упорно пишуваше ќе ме контактираат. И така си поминаа 30 дена, и си останаа производите во мене. А не сум од Ск, ниту пак некој одеше периодот за враќање в продавница. Сега ми е страв да нарачам од тоа.
Да, враќање преку курир оди тешко и бавно. Ми се има случено и тоа, ама со ЕЛС. Почнав да практикувам ако не можам да вратам во продавница, носам до најблиската канцеларија на ЕЛС, така ми е најбрзо и најсигурно. Ама веќе општо многу помалку нарачувам и јас од Зара, една од причините е лошата достава.
Девојки, како знаете по која пошта треба да стигне пратката? Направив нарачка на средина на јули, требаше да пристигне на 1 август, па се помести за денес, но сѐ уште никој ме нема исконтактирано, а веќе една нарачка изгубив затоа што никој не ми се јави за подигнување. Прашувам затоа што сепак сакам да ја добијам нарачката, подготвена сум да одам и до магацин само да си ја подигнам да не ми ја вратат како што ми направија веќе...
Отвори ја нарачката и стегни на track shipment, ќе ти отвори линк да ја следиш. Кај мене отвара од вип пошта, исто ми го поместија рокот за 1 Август и сеуште не ја имам добиено. Плус имам уште една со рок во Петок, се сомневам дека ќе ги добијам наскоро.
Зара има можеби најлоша достава, или воопшто не се јавуваат за пратката или многу доцнат со доставата... Не знам зошто не си превземат нешто околу тоа, 280 денари достава за да чекаш 2 месеци е скроз без врска. Ако пак немаш платено онлајн со картица уопште не ти ја носат и пишуваат дека никој не се јавува.
Јас веќе од Зара не нарачувам. Убави цени на попуст ама доставата е ужасна . Пратка што требаше да ми ја достават во петок ја пролонгирале до денес и еве сеуште не е превземена од курир а во магацин им седи кај нас од 30ти јули . На чат џабе пишувам со вештачка интелигенција си правам муабет и немам веќе нерви да губам. Последна нарачка беше ова.
Исто, во магацин си седи пратката. Со чатот уште толку се изнервирав, убаво си беше порано кога вистинска особа одговараше. Не дека ми е итна пратката ама се нервирам што не се одговорни ич.
Ја не знам што е ова. Порано се случуваше да касни пратка ама пак ќе ја доставеле за 2 дена максимум ако се пролонгирало нешто. Ова сега е хаос. Што е најтрагично немаме каде да се жалиме освен на глупиот чат. Ни мејл адреса ни телефон нит ништо.
Исто и мене, од 30.07 седи во магацин… преку Вип пошта треба да ја достават. На зара чат сто пати пошав за да разговарам со агент и само на чекање ме стават дур најделе слободен агент и така во круг си се вртам…
Јас им пишав ДМ на @ZARA_Care на платформата Х и си изнапишав се' многу формално. Коректно одговорија и побараа и лични податоци, не дадов, но ги упатив на официјалните страни да проверат какви негативни критики има за доставувачите. Не верувам дека нешто ќе сменат, но не верувам дека пак ќе нарачам онлајн.