Не треба ништо друго, јас ни етикета не печатам, покажувам од телефон. Пари враќаат за 10-15 дена отприлика.
Се јавуваат на бр од Вип пошта тој што им е на веб? Или дајте некој бр каде што би кренале да ги прашам за пратка.
Малку повеќе од месец од денот на нарачката. Ти пишува на апликацијата, отвори ја нарачката најгоре има return deadline.
Дали имаат некаков проблем со карго компаниите или ова моетo е изолиран случај? Веќе 3 недели се обидувам да вратам 2 нарачки преку опцијата со преземање од домашна адреса. Кога и да им се обратам на тие од Зара, само ми се извинуваат и само ги обновуваат барањата за безврска
Преку кое карго? Ако имаш опција врати си во дуќан директно, или испечати го листот и директно оди во каргото, за да не ти истече рокот за враќање
Јас го имав истиот проблем. Откако го подигнаа пакетот, чекам повеќе од 2 недели мејл за поврат на средствата, сум враќала многу пати, никогаш не се чекало вака. Имал некој друг таков проблем?
Зара стигнуваат артиклите спакувани како од фабрика или може да пратат и некое од продавница изложени со пудра и кармин? После за враќање може во нивните продавници не по карго?
Никогаш не ми стигнало до сега оштетено или со пудра и кармин. Да и така ти е најдобар начин да вратиш во продавница и на рака ти ги враќаат парите.
Тоа не, но ми се случило да ми стигнат пантолони без каиш кој требаше да биде со нив. Ги вратив, ми кажаа изгубен бил.
Нарачка од Зара пишува очекувана достава 8.10 среда, меѓутоа јас не си бев во Мк се вратив денес, он изгледа звонел но исклучен Мк број па напишал одбиена. Чаре? Вртам не крева никој а три броја имаат. Мик мик пошта иначе…