Одамна не сум порачала од Зара. Како беше со плаќање? Само при превземање на пратката или има сега опција онлајн да се плати одма со порачката?
@Doa https://www.zara.com/mk/ Потребно е да си направиш профил, а може инаку и да си ја симнеш апликацијата
Не ми прифати мене со платежна картичка. Инаку стоеше таа опција картица ама веројатно друг тип на картица се бара
За последнава пратка од Зара ми стигна порака од Мик Мик. Компанијава има ужасни reviews, мене ме маткаше доставувачот цел ден во петокот, 3 пати му ѕвонев, па на крај не дојде нешто му излегло, ќе дошол во саботата околу 5. Нормално дека не дојде, ниту се јави, ниту сега можам да добијам некој од компанијава на телефон, или не ми креваат или ме гасат. Зара, што ви е проблемот, многу работа ви се виде па сакате да намалите на пратки изгледа…
Не да имат работа туку вршат машала, ама би требало да имаат барем тие салам карго, мене последен пат ми доставија со ин пошта а пред тоа мик мик пошта, само што овие од мик мик во моментов ако не се јавиш или не си во можност одма ја враќаат, ги нема следниот ден, а во ин пошта ако се договориме за следен ден следен ден доаѓаат, или пак од база да ја подигниш сам.
Има сега дел со картичка да платиш, не пробав ама ти дава да внесеш детали за картица, изгледа ќе има набрзо, зашто воопшто ја немаше таа опција претходно. Во меѓувреме 7000ки пукнав за ќере, ако не ме блокираат, ќе се разведам кај и да е.
Пробав и тоа неколку пати, не дозволува. Да имав женско и јас би спукала толку, вака за машко слаб е изборот па штедам несакајќи.
Има последниве години, неколку производи ставаа од четврток вечер до недела. Немаше ништо посебно ниски цени, ниту избор. Ќе видиме годинава, претходно не најавуваат точно да знаеме