1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зара онлајн

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Fifi84, 22 јули 2020.

  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    4.576
    Пол:
    Женски
    Многу грди работи ништо не купувам овој блек фрајдеј.
     
    На Donna.Italiana, Panda00 и franca им се допаѓа ова.
  2. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    2.099
    И нормално како и веќе очекувано дизајнерската колекција не е на попуст |(
     
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.010
    Допаѓања:
    11.315
    Добра финта годинава, порано достава 500денари, покасно 250. Едната нарачка достава до 11ти декември другата 10мин покасно достава до 18ти декември(facepalm)
     
  4. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    14.781
    Пол:
    Машки
    Јас одбрав достава во продавница, бесплатна е и плаќањето е со картичка, директно при самата нарачка.

    Вака повеќе ми одговара, ем бесплатно, ем нема да се расправам со куририте.
     
    На happygirl, Mumoftwo30, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    2.247
    Пол:
    Женски
    Има ваква опција???? Леле како ме просветли! Фалаааа
     
    На Mumoftwo30 и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    42.764
    Пол:
    Женски
    Значи сигурна сум дека мора да постои некое објаснување, евентуално да нема голема залиха во моментот и да повеќе луѓе наеднаш ги одберат тие неколку парчиња. Јас еден фустан ептеен сакав да го купам и исто ми го снема точно во 21:01. :D;(
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    10.126
    Едно позитивно нешто е што со картичка може да се плаќа. :D

    Во кошничка ставив 15тина работи, во 21:15 повеќе од пола немаше. |( Па зедов други да разгледувам и ставив уште 4 во кошничка. Дури ги селектирам 4те работи, кога отидов да платам две веќе немаше. :D Ме измори и баталив. :D
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.436
    Допаѓања:
    82.161
    Пол:
    Женски
    Ова е многу добро, ја приметив и опцијата плаќање со картичка ама брзав многу и си реков ај бидна веќе овој пат, ќе пробам за некоја следна нарачка.
     
    На Mumoftwo30 и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  9. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    1.323
    Пол:
    Женски
    Од 7 работи што ги имав во кошничка, во 21:01 ( овај блек фрајдеј се запнав и цело време рефреширав да видам кога ќе ме пушти и буквално во 10 секунди откако стартуваше апликацијата направив нарачка) само 3 работи беа достапни :D. Нив ги нарачав , немав време да се нервирам.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Maja333

    Maja333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    142
    И јас исто направив, и се помина добро...за достава ми пишуваше 12 декември
     
    На Mumoftwo30 и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    9.610
    @Angie1432 Затоа што залихите на Зара се екстремно лимитирани. Не произведуваат никогаш голем квантитет од било кој артикл.

    Па така, повеќето изложени артикли на сајтот веќе се во ниска залиха, дури и пред да започнат попустите.

    А бидејќи, попустите се глобални, започнуваат во исто време во многу региони.

    Што значи дека десетици илјади луѓе истовремено го рефрешираат сајтот во 20:59 и во 21 часот брзаат да го купат, а системот ја рефрешира залихата само кога некој ќе успее да ја комплетира нарачката.

    И нормално кога 5,000 луѓе се обидуваат истовремено да купат еден ист фустан од кој останале 100 парчиња, резултатот е овој :D

    Плус, залихите се и лимитирани и по основа на држави. Односно, иако се праќа пример од Полска, пример за една мачика, М величина, за кај нас веќе останале само 20 парчиња.

    Плус, тука се и автоматските ботови кои ги користат препродавачите. А ботовите успеваат за само неколку милисекунди да ја комплетираат нарачката.

    Но, позитивното нешто е што често пати, луѓето го враќаат нарачаното, па залихите се обновуваат и може да се успее да се купи некој артикл иако долго време бил вон залиха (tumbleweed)

    Зара не профитира од зголемената посетеност на сајтот во тие периоди, туку се екстремно профитабилни исклучиво од психолошката итност која ја создаваат кај луѓето баш од горенаведените причини :*:
     
    На MikicaBt, happygirl, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.023
    Допаѓања:
    16.758
    Пол:
    Женски
    Порачав, и откажав. Ништо привлечно нема, све партали.
    Сфатив дека не ми ни требаат стварите што ги мислев, а и чим сеа можело да си подигнеш сам, топ. Не ќе плаќам достава више никад.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    14.781
    Пол:
    Машки
    Има да, е сега кога ја направив првата нарачка одбрав во city mall, а за втората веќе city mall не беше достапен, па одбрав east gate… :rofl:

    … ама тоа е барем нема да плаќам достава и да се расправам со курири шо очекуваат за 1 мин да се симнеш.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    17.692
    Пол:
    Женски
    Мене ми е чудно како толку брзо се се продава и партали дури, зошто луѓево се тепаат за да стигнат до ствари од Зара;(
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.023
    Допаѓања:
    16.758
    Пол:
    Женски
    Пошо мислат којзнае каков бренд ќе носат, а све тоа е брза мода без квалитет. Партали од полиестер по високи цени.

    Ретко што вреди да се земе на полна цена, па дури и овие 40% се премногу.

    Го сменив мислењето, сеа мислам оти премногу е преценета, и џабе се хајпнуваат луѓето.
     
    На happygirl и Anie93 им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    42.764
    Пол:
    Женски
    Во последно време зара има напреднато во квалитет, има еден куп облека што е волна, памук и сл.
    А и секако е поквалитетна за разлика од многу други во тој ранг(вајкики, синсеј, котон), плус за секој производ си има точен состав и потекло на материјалот, нешто што во рандом бутик никаде не е декларирано.
    Илјадарка за џемпер на попуст е малку, лудо е да се каже дека е многу.

    Е тоа што луѓето немаат контрола и купуваат по 10 работи што нема да ги облечат е скроз друг проблем.
     
    На penelope10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    1.196
    Имав 3 парчиња во корпа само и тие во 0.5 секунди беа аут оф сток, демек.

    Инаку во Зара треба премногу барање и скролање додека да најдам добар материјал и состав, најголем дел е ѓубре. Посебно зимски работи се сите акрил, полиамид, полиестер, или во најдобар случај смешани со минимален процент волна.
     
    На sweet-cherry и happygirl им се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    9.610
    На Зара само им е подобрен маркетингот за презентирање на одржливи, рециклирани и органски материјали.

    А всушност голем дел од понудата и понатаму е само синтетички мешавини или материјали со понизок квалитет.

    Односно, само мал процент од парчињата кои се дел од Join Life се со океј квалитет.

    Но, тоа се само неколку парчиња, а дефинитивно повеќето се со лош квалитет т.е квалитетот на брендот е значително опаднат.

    Особено во споредба какви беа парчињата пред 10 години, кога имаше по 3-4 закачалки и уште толку растојание меѓу нив.

    Имаше едно видео од девојка која шета во продавницата и објаснува како пример и палтата кои ги напишале 100% кожа на сајтот, на етикетата од внатре составот е пластика и morе пластика, а тоа го објаснува нивниот изглед.

    И не е само Зара, истото е и во малку повисоките брендови како Масимо Дути. Сето резултат на целиот концепт за fast-fashion, консумеризмот, притисокот што повеќе да се произведе за помалку пари.

    Па не за џабе на крај и парче со оригинална цена од 5000 знае да стаса до 300 денари :drunk:
     
    На Panda00, Mrs. right, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.