Отвори го производот и најдолу, кајшто пишува состав и др.информации има "chek in-store availability". После одбери за кој број те интересира и check. Ќе ти даде да одбереш во кој град, јас куцам поштенски број за Скопје и го бирам од листата. Не е 100% точно, ама мене досега прилично точно инфо ми има дадено. Спојлер
Не сум сигурен дали е достапна при достава до дома, но при избор опција подигнување од продавница е достапна.
Имал ли некој друг ваков случај, толку да чека за рефундација, чекам од 21.11, два пати пишав на чат поддршка, еднаш ми кажаа дека е процесирано враќањето на 25.11 ама требаше веќе да легнат парите, втор пат пишав ми кажаа дека ќе се процесира.
Денес курирот од вип пошта ми титна буквално и одма во иста мин звонев ми враќаше позив, а после веќе не ни креваше. Звонев 10 пати и пишав порака не ми одг. На апликацијата пишува не се јавувам. Дали ќе ми ја достават или е нешто намерно. Нарачката е од попустите уште.
Мене не ми ни титнал, стои дека не се јавувам. И ова не е прв пат. Ми ја доставувале претходно со пишано на кутија НЕ СЕ ЈАВУВА (а врска немало), ќе видиме сега.
Дали ако е купен производ на попуст онлајн може да го сменам во продавница за помала величина, иако во продавницата не е на попуст? И дали ја враќаат фискалната ако вратам некои работи, за ако се премислам пак да довратам уште нешто? Инаку јас задоволна сум од Вип пошта, човекот ми се јави сабајле да ме праша дали ќе сум на адреса и отприлика кое време и после ми се прејави 10 мин. порано за да можам да излезам со време.
Можеш да го вратиш но, доколку сакаш за истиот производ што сега не е на попуст, ќе треба да си доплатиш. За фискалната, јас досега еднаш сум враќал и ја задржале, па затоа не сум сигурен каква е праксата..
Може бр на некој доставувач од Вип пошта? Многу се безобразни, броевите им се недостапни, стои дека не се јавувам а никој не ме побарал. Да пробам некако преку курир да си дојдам до пратката
Нарачката треба да ми ја достават во Центар, а гледам дека неколку дена е во магацин. Во кој магацин се наоѓаат пратките за Центар? Во Ново Лисиче?
По неодговорни здравје и јас ги чекам никаде ги нема исто и мене не се јавува ми пишале. Ако неможат да постигнат што земаат пратки
Ми стигна конечно, пратив мејл до Зара мк, па ме пренасочија кон корисничка служба, прво со робот, па агент се разбрав, и на крај пратиле писмено известување. Курирот вика многу нарачки не постигнуваат. Не е за оправдување во секој случај
Здраво, дали може да се откаже нарачка? Денот на достава не ми одговара многу е касно, а парчињата ми требаат порано
Може, ама само во тој момент кога ја имаш нарачано ја има опцијата откажи. Не ја примај од курир ако не ти одговара датумот.
Одма штом ми стигна меил и го видов датумот побарав да видам таква опција ама не сретнав за откажување