Нели требаше од денес да почне попустот на апликацијата а од утре во продавниците ? Нема ништо на апликацијата сеуште...
Ќе може ли некој да пише некој број што не е од овие на станава,цела недела ми стои нарачката во магацин а невозможно е да се добијат.... Ќе може ли некој да пише некој број што не е од овие на станава,цела недела ми стои нарачката во магацин а невозможно е да се добијат....
Преку Вип Пошта ти стига?Буквално една недела чекам…невозможно е да ги добиеш,магацинот исто не знам каде им е
Имам некој партал-два од попустот во кошничка ама страв ми е да нарачам од каргава кое ќе се падне, дали ќе стигне итн
Мојава пратка стои во магацин од 13.12, последен датум за достава 16.12, чекал некој подолго пратка од мене? Два пати разговарав на чет со нивен агент во тек на 10тина дена и уште ништо. Проблемот е што последен датум за враќање ако не ми одговара нешто е 07.01, и еве за некое чудо да биде доставена во тек на овие два/три работни дена до тогаш, јас нема да имам време да трчам по молови за празнициве. Дали може да им речам дека нема да ја земам ако се јават? Немам опција да отидам до магацин во работно време бидејќи сум со бебе и мало дете. Не би да не се јавувам бидејќи чекам и други нарачки.
Мислам дека после Нова година има втор бран намалување на тоа што ќе остане…па среќно на сите што чекаме второ намалување да си најдеме нешто убаво
Патиките од Зара како се со квалитет? Порачав за мене и за децата, ќе ги бива или да не се надевам многу?
Пробувам да нарачам со достава до продавница, но не ми дава да кликнам ни на едната ни на другата. Вчера знам дека не работеа, ама денес работат?
За возрасни не знам, ама за деца се ок (за една сезона таман). Син ми си има изнаносено неколку пара од таму.
Ако не ги периш во машина се ок. Ама после перење не ги бива. Барем јас такво искуство имам, и пак имам над 10 пара земено за синко од таму Ама само таму наоѓам "чудни и необични" нијанси што ми требале за некој аутфит на детето. За мене чизми имам купувано,на попуст. Ок ми се