мене често ми се случува, нешто стига од Ист гејт нешто од Сити мол.. зависи од залихите можеби некоја величина ја нема моментално или се распродала во меѓу време, инаку нема да платиш достава 2 пати не грижи се, и да е поделена на 2 дела ќе си платиш регуларно достава колку што е
Затоа што гледам дека за достава пишува 400 и нешто денари, не планирам 500 денари да плаќам за достава
Ми се случило да добијам известување од Зара апликацијата дека обидот за достава бил неуспешен, ама од Вип пошта. Обично секогаш така прават, првиот пат демек те известиле, па било „неуспешно“. А всушност никој не се јавил. Потоа навистина ме бараат, па си ја подигам пратката. Ама ова изгледа им е пракса на повеќето. Јас пред скоро прв пат подигнав пратка директно од продавница и бев као - WOW, и вака можело. Навистина супер опција, имајќи предвид дека секогаш без исклучок кинам живци со поштиве.
Хелп. До сега немам нарачувано фустан. Фустанот што ми се допаѓа апликацијата ми препорачува величина S со димензии гради 37.5 а струк 35.5 Дали овие димензии се за од раб до раб? Јас кога се мерам со метро во обем на гради сум 96 а струк 84 Вие што носите градник 80D која величина фустани нарачувате? Дали ќе ми биде точно ова S или сепак М да порачам?
Девојки, дали ако изберам да ми пристигне пратката во продавница наместо на адреса побрзо стига? Ми се брза нешто хахаа Тенкјууу
Кога ќе кликнеш на опцијата за продавница и ќе избереш во која сакаш да ти стигне, ти кажува кога ќе можеш да ја подигнеш. Јас кога пробав ми даде рок за 1 недела
Мене сите вакви пратки досега ми беа готови за неколку денови. Не знам дали се погодило да имам среќа, ама многу побрзо завршив работа со нарачката во дуќан, отколку да ја чекам да ми пристигне преку некое од каргава.
Ви се случило достава во продавница да ви доцни? Рокот беше до вчера, еве и денес не е стигната уште.
Вие што нарачувате онлајн со достава во продавница, за колку време ви стигаат пратките? Ме интересира дали е побрзо од доставата до дома, до сега не сум нарачувала така. И дали може да пратиш друг да ти ја подигне нарачката или мора лично?
Мене побрзо ми стигнуваат пратките во дуќанот отколку со доставата до дома. Многу побрзо се одвива процедурата. А за другово прашање немам искуство, но ако личноста што ќе ти ја подигне пратката го има QR-кодот од нарачката, би требало да заврши работа.