И јас така враќам. Откако ќе ми стигне меил дека е примена во Зара, за 2-3 дена ми легнуваат пари на сметка. Е за колку време ќе стигне кај нив, тоа варира. Најчесто е брзо, ама се има случено да чекам и 2 недели (ова е вообичаено кога има попусти). Грубо, би рекла дека за 5 - 10 работни дена ми враќаат пари (откако ќе ја оставам во ЕЛС).
Не можам да најдам официјално на сајтот. Дали знаете дали може после законскиот рок од 15 дена да се врати производот со рефундација? Купено ми е од продавница, не онлајн, не знам тоа дали има врска.
Ја колку што знам месец дена важи. Во рок од месец дена враќаш, и секако ти враќаат пари. Со етикета да биде, неперено, и нормално фискална да приложиш.
Можда е глупо прашањево, ама не нарачувам многу често онлајн па не знам. Требаше во петокот да ми стигне нарачка, глеам на линкот предадена е на доставувач, а на апликацијата ми го дава ова. Мене никој ниту ме контактираше ниту ништо, дали без разлика на тоа вака си пишува или да почекам од понеделник да прашувам?
@Angie1432 Пракса на доставувачи како Вип Пошта или Мик Мик, кога не им се работи. Пиши им уште сега на тие од Зара. Во Сабота се до 4
Почекај си ја, ќе ти ја донесат (многу веројатно во понеделник). За секоја пратка од МикМик вака прво ми стига, па ми ја носат уредно. Вип Пошта се друга приказна. Едит: и денес може да те побараат и во сабота носат МикМик.
@Angie1432 Зара можеш да ги контактираш единствено преку четот. На паѓачкото мени, најдолу каде пишува +Info. Ќе кликнеш таму, па на Contact us. И на четот прво ти одговара виртуелен асистент, при што мораш да побараш прво да те поврзе со нивните агенти. Ќе почекаш помалку од минутка и ќе се поврзе една од девојките @Anika55 Кај сестра ми последните пратки беа преку МикМик. И двете на крај не и беа доставени воопшто Кај мене еднаш, откако стаса вака како кај Енџи, помина 1 и пол недела плус, за да ја достават. За Вип, откако реагирам на чет, ја носат истиот ден