Зара онлајн

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Fifi84, 22 јули 2020.

  1. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    4.637
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам само да си внимавате и по можност истиот ден враќајте ги работите во Зара зошто на моја блиска денес во Сити мол враќала капут и тоа среќа истиот ден го вратила кога и го доставиле и вработената во Сити мол го мирисала капутот и мирисал на омекнувач. Другаркава покажува и вика еве апликацијата уште стои во процес на достава капутот го пробав само сигурно не можам сега да го перам и да го донесам башка го враќам зошто е големо бројче. ( а она вика блузата само што си ја облекла перена и така го пробала капутот најверојатно од тоа е плус со етикета беше капутот не без). Го викнале менаџерот пуштила апликацијата дека уште стои во процес на достава дека денес е доставен капутот и среќа и го вратиле. Ко демек тоа било од оналјан нарачките таков и пратиле нивна грешка .Мислам многу неубава ситуација. Јас некогаш знам да вратам и после 2 недели производ и ако мириса на омекнувач може да не ми го прифатат ли ...
    Чисто како информација да си имате дека и ова се случува.
     
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    5.267
    Законски мора да го прифатат враќањето. Нема како да докажат дали е стварно перен или не. Се додека има етикета и е во дозволениот рок за враќање Муштеријата е секогаш во право
     
    На christinnn, Medea., eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    4.637
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е ама они во продавницата за се оградуваат од тоа што е оналјан.
    Минатата година пари немаа да враќаат во кеш пуштаа на сметка . Што и да прашаш во продавница а не знам види си на чат разговарај . Ко сосема две различни фирми да се .
     
  4. Jana Sandevska

    Jana Sandevska Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2026
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    22
    Mene tri pati mi ispratija ostetena canta, tri pati vrakjav paket vo posta i mi velea ke mi ispratat nova a ustvari celo vreme taa edna ista ja vrtea u krug. Na kraj se iznervirav i pobarav da mi refundiraat pari
     
  5. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Кој број го пишите кај трансакциската сметка? Ми вели да напишам МК07 па потоа бројот. За враќање ми е и не можам да се снајдам.
     
  6. emits

    emits Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Во СитиМол и мене ми се има исто случено за џемпер и не ми го вратија, а беше купен за сестра ми, но не беше точен па го враќав... Стварно непријатна ситуација, плус менаџер ти викаат, тука луѓе куп се гледаат .. Отидов во Еаст Гате, без проблем веднаш ми вратија пари. Можеби некогаш имале ситуација и сега само тоа им е изговор. Не знам како може да има етикета, а да е перен..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana Sandevska

    Jana Sandevska Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2026
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    22
    Треба да го напишеш целиот број на трансакциската сметка ( IBAN )
    На пример, ако бројот на твојата трансакциска сметка е: 30000072882828 Тогаш го внесуваш како: MK0730000072882828
     
    На dromka и MikicaBt им се допаѓа ова.
  8. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Леле фала ти многу....мислев така да го напишам ама ова не ми беше јасно....претходно не памтам дека така внесував.
     
    На Jana Sandevska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    4.637
    Пол:
    Женски
    Катастрофа жими се. Како бе може така ? Со етикета перени да бидат. И ќе го шеташ ти Скопје од една страна на друга за да вратиш облека. Бог да чува еј.
     
  10. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    2.762
    Пол:
    Женски

    Не е точно ова. Барем не ако збориш за во Македонија. За во странство некаде, неможам да тврдам.

    Прво, во мк нема опција за замена на производ туку има само опција за враќање и рефундирање па ти си нарачуваш нов.
    Второ, магациниот каде се враќаат нарачките и од каде се испраќаат се различни. Веројатноста да ти испратат исти производ е скоро невозможна.

    Инаку да вработените во продавници знаат да се понашаат неубаво, тие се во филм дека нив тоа не им е работа и не се платени да тераат онлајн работи. Ама не треба да ги оставаме да си тераат по нивно, си се знаат правата на потрошувачот, они колку сакат нека зборат
     
  11. Jana Sandevska

    Jana Sandevska Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2026
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    22
    Не зборам за оваа година, туку за случај од минатата година и баш за Македонија.

    Првиот пат ја нарачав чантата и кога ми стигна видов дека има повеќе многу видливи оштетувања. Веднаш ги контактирав преку Zara Live Chat, им објаснив што е проблемот и им испратив фотографии. Тие потврдија дека е нивна грешка, ми испратија return label на мејл и ми кажаа да ја однесам во Еко Логистик. Исто така ми кажаа дека тие ќе ми испратат нова, неоштетена чанта. Новата нарачка не ја направив јас, туку тие директно од мојот профил.

    По околу една недела ми пристигна повторно чантата. Кога ја отворив, видов дека е истата, затоа што ги имаше истите оштетувања на истите места. Повторно ги контактирав, повторно ми дадоа return label и повторно ја вратив.

    Третиот пат повторно ми стигна истата чанта. Дури ми беше чудно што стигна за само три дена, а и повторно ги имаше истите, идентични оштетувања на истите места. Затоа сум убедена дека не стануваше збор за друга чанта.

    По третото враќање им кажав дека повеќе не сакам замена и побарав рефундација. Ја вратив чантата, а парите ми беа вратени веќе следниот ден. Дополнително, ми дадоа и 10% попуст како извинување за непријатната ситуација, при што и самите ми кажаа дека грешката била од нивна страна.

    Ова е моето лично искуство. Не тврдам дека секогаш се случува вака, но мене токму ова ми се случи.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    83.764
    Пол:
    Женски
    Јас конечно успеав да нарачам со достава до дуќан, но ми ја поместија датата и веројатно нема да бидам тука околу предвидените денови за достава. Знае ли некоја од вас колку време може да стои пратката кај нив во дуќан?
     
  13. Jana Sandevska

    Jana Sandevska Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2026
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    22
    Откако ќе стигне нарачката во продавницата, имаш 15 дена да ја подигнеш
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    18.448
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сте ја развртеле темата ама дали некоја од вас си ги зема популарните Зара панталони што пола жени од нив завршија во болница. Што феномен ќе беше тоа,жени се испокршија.
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.498
    Допаѓања:
    15.477
    Пол:
    Женски
    Какви се тие панталони?
     
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    18.448
    Пол:
    Женски
    Едни долги широки има илјадници видео од жени што паѓаат и се повредуваат.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.668
    Допаѓања:
    139.060
    Пол:
    Женски
    Не е Зара крива што не сфаќаат дека тие не се за ниски девојки и што ниските треба да ги дадат на кратење и стеснување доколку сакаат да ги носат.
     
    На Mumoftwo30, Adidas888, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    5.267
    Секоја широка панталона си има ризик.
    Смешни ми се девојките на тикток што Зара им е крива што се утепале.

    Па што носиш панталони што се влечаат по улица? Не за џабе постојат кројачи
     
    На nextredstyle и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.723
    Допаѓања:
    29.895
    Пол:
    Женски
    Ми излегоа и мене видеата со панталоните и не сфаќам како здраворазумно искачаат со долгите панталони на нив, ко нормално е дека ќе се сопнеш. Јас сум ниска и 90% од панталоните ги носам на кратење зашо ај шо ќе се потепам со нив, ама и сите прљавштини ќе ги соберам со мене :tmi:
     
    На Mumoftwo30, Salome, simona_baby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    Лелее не знам дали се истите пантолони во прашање - јас пред некој месец купив бели ленени пантолони од Зара, 2 броја поголеми што се врзуваат горе дека трудна да ги носам кога ќе имам и стомак. И на двапати имав ситуација кај што се сопињам - буквално беше или ќе треснам на земја или ќе се соблечам гола на сред Партизанска :rofl: Ми се заглавуваше чевлата во ногавицата и веќе не ги носам, и ги дадов на мајка ми, неа и се поточни…
     
    На Mumoftwo30 и simona_baby им се допаѓа ова.