Тие панталони се за носење во градови со чисти улици и средина, не за низ Скопје Евентуално по дома може или некое место при свечено отворање или забава, ама затоа па треба да имаат обезбедено пресоблекувални - си доаѓаш во Стружанка панталони, се пресоблекуваш во кабините на пресоблекувалната и приоѓаш на свеченоста со панталоните чисти.
Ама не се само панталоните, многу од алиштата во зара се за високи девојки. Имам капут од таму шо на мене ми е скоро до зглобови доле, а 180цм сум. Не им е крива зара шо ако и пониските земат да го купуваат баш тој капут и да се шетаат и сопкаат како пепелашки наоколу. Значи ќе си купиш колку шо ти е кратка чергата, овај нозете.
Уште ова ако знаеш, ептен ќе ми биде од помош. Ако треба да се враќа парче облека, дали мора да се врати во истиот дуќан од кај што сум ја подигнала пратката или не е битно?
Дали ви работи опцијата за нарачка со достава до продавница? Кај мене не ми дава да кликнам ниту една од опциите
Не даваше ни кај мене, па пробав по некој ден и ми ја извади само Ист Гејт како опција. Пробај утре или почекај неколку денови, би требало да се појави барем една од продавниците како опција.
Фала ти Само да прашам, кога ќе стигне нарачката, каде се подига? Дали е кај женскиот оддел на каса или има друго место за преземање?
Јас ги имам од летото 2024, ова не се нов модел, само сега има повеќе избор на бои, тогаш кога ги купив јас беа само крем и црни. И иако стварно се долги со широки ногавици, тоа воопшто не е толкав проблем, еве јас ги однесов на шнајдер да ми ги среди и исклучиво ги носам на повисока потпетица, конкретно со еспадрили на полна пета. Поголем проблем е што се малку тешки за пеглање. Убаво стојат и пријатни се за носење така лелеави.
Е де, видеата се од забавен карактер и мене ми се пресмешни Не е дека некој не знае дека постојат шнајдери. Инаку, следни попусти не отворам Зара апликација, ова е болест. Па и ко за инает начекувам бројче
Дали од Зара имаат број за да стапам во контакт, чатот ми изгледа ко скроз бескорисен да е. Добив пратка во понеделникот, веднаш наредниот ден вратив два артикли назад преку елс, сето ова уредно внесено преку апп. Денес ми стига повратен мејл дека само едниот артикл е бележан и само за него ќе добијам рефундација, иако уредно ги вратив двата производи. Им пишав на чат, ја објаснав ситуацијата и ми пишаа од таму дека ќе искомуницираат со елс и ќе ме известат ама се си мислам дека така ќе пропаднат парите.
Мислам дека најдобро е да одиш во Зара и таму да ти објаснат што како. Другарка имаше сличен случај и и кажаа таму каде да се јави и се среди се.
Направив нарачка минатата недела . Истата ја платив со картица. Ми стигна мејл вчера дека сакото што го нарачав не можат да ми го пратат дека нарачката ќе биде пуштена без сакото. После колку дена ќе ми ги вратат парите на картичка? Зошто секогаш така кога сум плаќала со картичка и ако нешто вратев во продавница одма наредниот ден ми биле парите на картичка а еве денес уште немам...
И јас уште чекам да ми вратат пари на сметка (враќав продукт). Ми стигна мејл дека до 14 дена можеби ќе треба да почекам додека бидне. Претпоставувам исто е и за ова...