Како и секоја година, и ова проблем со ВИП пошта. Него, имам еден артикл за враќање, да го пратам по друго карго? На чатот ми пишаа чекајте да ве исконтактира некој... ќе ми помини рокот за враќање... Од Битола сум, нарачано онлајн, немам опција за враќање во продавница.
Ми ја откажаа нарачката , има ли шанса некаде да се јавам или да пишам емаил да се жалам, да ми ја пратат? Криво ми стана, баш им се радував на тие чизми што ги нарачав.
Пиши им на live chat. Јас секогаш таму ги контактирам кога имам некаков проблем и ми одговараат. Објасни им дека ти ја откажале нарачката и прашај дали има можност повторно да ти ги испратат чизмите или да ти понудат некое решение.
Ги контактирав ништо не ми помогнаа, ах едвај ги дочекав на попуст од 4 ипол на 1290, цела зима ги меркав.
Здраво, Изгубена ми е фискалната, не стигна пратката со сметка, а сакам да вратам неколку артикли. Дали може да ја испринтам сметката на мејл што ми стигна и да ја ставам во кутијата?
Да, секако дека може. Слободно испринтај ја сметката што ти стигнала на мејл и стави ја во кутијата заедно со артиклите што ги враќаш. Таа електронска сметка е целосно валидна за замена или рефундација
Фала многу! Другарка ми вели не била сигурна дали би ги вратиле, ама грешка при транспорт е штом ја нема сметката.
Нема на што! И јас немам добивано фискална сметка во кутија, па така имам враќано. Кога враќам во продавница само ја покажувам сметката од мејл на телефон, а кога враќам преку карго тогаш ја принтам сметката и ја ставам во кутија. Така што слободно направи си така
Имав направено нарачка и ја платив онлајн....после тоа еден производ вратив ама во меѓувреме од банката ми ја сменија картичката... трансакциската сметка ми остана иста а само презимето ми беше сменето. Ми стигна порака дека направен е обид за враќање на средствата но неуспешен. Исконтактирав преку чатот и им кажав нови податоци...ама поминаа повеќе од 14 дена и ми ги немаат вратено средствата. Неколку пати км пишав...демек ќе средиме е работата ама еве уште чекам. Некој со слично искуство? Шо да превземам не знам.
Дали некој од вас има добиено ваков мејл? Инаку да не знаете каде им е магацинот на Вип попта во центар, многу доцни доставата па ако не да си ја подигнам прстката?
Дали некој знае на кој број може Вип пошта да ги добијам, каснат со достава и сакам да си ја земам од кај нив пратката?
Побарај ги на овие броеви ако си од Скопје: 075 228 588 или 075 228 538. Ептен доцнат со достава периодов, па најдобро е да им се јавиш за да си прашаш дали можеш сама да си ја подигнеш од магацин за да не чекаш. Се надевам дека брзо ќе ја земеш пратката!
Дали ти ги вратија парите? Истата ситуација е и кај мене само што јас чекам веќе месец и пол дена и немам живци да и пишувам повеќе.