Здраво, сакам да ги порачам овие фармерки и сајтот ми препорачува еден број поголем. Материјало е 100% памук, се работи за MOM jeans со висок струк. Дали некоја ги има и дали вистина треба еден број поголеми? Носам број 38 ама немам многу мала половина а и нозете не ми се слаби, средно дебели би рекла. https://static.zara.net/photos///20.../w/1280/8197232448_1_1_1.jpg?ts=1610037356763
Здраво. Дали се водите спрема оваа за некои артикли, во мојот случај конкретно станува збор за овој модел, од моделите кои што почнуваат од С величина секогаш нарачувам С, но овој модел е доста широк (почнува од хс) и се мислам Хс да нарачам, но ми дава препорака за С на 162 висина и 52кг тежина.
За ширината океј, ама за должината може нема да ти одговара. Непријатно е да ти влегува во задник цело време...
Кога ви пишува дека е испратена, после колку време ви стига?Некако ми е чудно, предвидена дата ми е 24-27мај ,а на 14ти ја нарачав на 15ти веке е испратена па според оваа би требало да ми стигне за 2-3 работни дена. Прв пат нарачувам, ваши искуства?
Мене ми стигна за околу 2 недели. Баш и Велигден ме фати, на страната пишуваше дека е сигната во каргото, но дури после 3 дена ми ја доставија бидејќи тие беа неработни денови. И јас се чудев како така им пишува на страната, но точно навреме ми стигна, како што пишуваше.
Здраво, знаете ли дали може да се порачаат парфемите јас барав на апликацијата ама не можев да ги најдам?
Јас ги пишев стриктно со името на парфемот (пр. Red Vanilla) на Google и ми излегуваа во апликацијата кога ќе кликнам на линкот. Ама сега како што гледам нема ниеден достапен ни така. Сега ти го дава во апликацијата ама не е достапен. А инаку на search директно во апликацијата не даваше и пред тоа секогаш ама google ги даваше тие што беа достапни. Проверувај така може да бидат достапни или кликни да те известат кога ќе бидат достапни.
Здраво. Вратив производ во Zara пред 14 дена и уште немам добиено ни пари ни одговор на e-mail. Им пишав на операторите на сајтот и упорно ме уверуваат дека ќе добијам e-mail. Исто ми тврдат дека кога ќе стигне e-mailот ќе треба да им дадам IBAN и SWIFT код. Колку што знам то се бара за интернационални сметки и има доста провизија за таков трансфер... Кога го пополнував делот за враќање внесив трансакциска сметка и мислев дека тоа е доволно. Инаку порачав онлајн и пратката ја вратив преку Delco во Битола. Дали некој имал слично искуство?
Има ли шанси некако да најдам парфем што моментално го немаат во продавница? Или да дознаам некако дали ќе го имаат да не одам секој ден за џабе?
Имаш зара чет на апликацијата, пробај таму. Ако го има на апликацијата порачај го, од главен магацин праќаат. Јас барав маици ама немаше ништо во молот.
Да еве им пишав .. Инаку го имаше пред две-три недели, ама сега не, а и општо некако малку избор имаат за разлика од друг пат. Кај ми отиде чатот ми го снема, не сум пишувала до сега не можам да се снајдам, ми пишаа само да проверат и не можам да најдам
Во продавница бев пред една недела а после месеци. Избор ич немаше, апликацијата е закон. Многу работи начекав на попуст, а овде немаше ништо, барав маици за дете, хаос. Горе со портокалово нема? Стои да се вратиш на чет.