ако си ја извадила етикетата со цената, не знам дали ќе ти вратат. Инаку може и преку курир да се врати за пари, или да се замени за друг број. А може и во зара на каса да се вратат работите.
За на каса далеку ми е Скопје. Инаку им пишав на официјалната страна на Zara Care во врска со тоа што е тргната етикетата од обувките, ми побараа број на нарачка за да проверат за кои точно станува збор, потоа ми побараа слики за да видат во каква состојба се обувките (во случај да не се носени или оштетени) и ми кажаа за кратко ке ме известат. Сега чекам одговор, според тоа до сега што ми го пишаа мислам дека нема да претставува проблем. По странски форуми исто читав дека вракале и без етикета само со фискална сметка.
Може да ги замениш, а може и да ти вратат средства само. После тоа можеш повторно онлајн да си нарачаш.
Успеав да вратам артикл(обувки) од Зара и без етикета на нив и парите да ми бидат вратени. Ми беа нарачани онлаин, и исто по карго и го вратив. Доколку некој се најде во слична ситуација го споделувам моето искуство. Им пишав на Зара апликацијата на чет и упорно ми тврдеа дека нема шанси без етикета да ми ги прифатат а камоли пари да ми вратат. Етикетата на обувките ја бев фрлила но фискална, торбичката во која што беа ставени ги имав. Пишав на официјалната страна на Zara Care на Facebook- messenger, им објаснив, ми побараа број на нарачка, име и презиме, емаил, и потоа 3 слики од обувките да видат во каква состојба се. После еден ден добив емаил дека сликите се разгледани, и е донесено одлука производот да ми го прифатат и парите да ми ги вратат штом го добијат.
Дали ви се случило да не ви стигне мејл дека артиклите се прифатени и парите ќе ви бидат вратени, а сепак да ви легнат парите на сметка? Зашто веќе 9 дена ми нема стигнато мејл, а не сум проверила во банка, па затоа ако има некој вакво искуство да сподели...
Не. Се додека не те известат со меил дека артиклите се успешно стигнати и проверени од нивна страна, парите не можат да ти бидат вратени. Откако ке го добиеш меилот после 1-2 дена ке ти бидат легнати на сметка.
Попладнево во кошничка ставив неколку парчиња со план да ги нарачам вечерва. Како што видов, скоро од сè имаше избор во бројчиња и големини. Само што се најавив повторно, и освен една 36ка од панталони, не наоѓам ништо друго. Можно ли е во саат време (на апликацијата) сè да се потрошило? Би имало некое надополнување наредниве денови или помина возот?
Jas od se sto imav vo korpa, vo 9 i 20 nisto povekje nemase. Verojatno mali zalihi imame za zal,i odma snemuva
Мене 5 минути пред 21.00 ми ги извадија пола од работите од корпа, дури ги најдов веќе беа продадени бројчињата што ми требаа . И сега бирам наново од то што има останато... А иначе да, се’ летна за 1 мин. (2 се многу ).
Ми се гади од начинот на работа на апликацијата. Со се спремно уште од сабајле во 9 само да стиснам купи, коа дојде моментот од се нема залиха. Fuck you. Искрено изгубив желба за шопинг кај нив, осеќам оваа сезона ништо нема да купам или евентуално нешто ради реда да не сум без ич.