И во мај имав ваков проблем и затоа не ми е јасно како функционираат. Во 12 отворив да направам нарачка ама не бев сигурна за големината. Реков да видам мерки за кратко, па ќе одлучам. Се враќам, оооп, има m/ l/ xl/ xxl ама xs и ѕ ги нема, а меѓу нив се двоумев. Не верувам дека на залиха имаат до пет фустани од една големина, а не верувам и дека во 30 минути неколку девојки сме сакале да нарачаме баш иста големина од истиот фустан, па им се истрошил. Немаше ни п од попуст. Нејсе, нарачав друг. Наредниот ден го отворам линкот од првиот фустан, наоѓам од сите големини. Океј, мме. Oтворам линк од тој што го нарачав, читам coming soon иако неполни 24 часа претходно имаше од сите големини. Ја добив нарачката по недела, го облеков неколку пати, на страната сè стои исто. Денес реков нема кај да ми бега првиот, несуден, се погоди да има до m. Плус и на намалување, жива среќна што не го фатив тогаш. Отворам во 21:30 - некое известување дека апдејтираат. Отворам во 22 - иш. Ми доаѓа да си каснам од г'з. Дечко не сум бркала како фустанов.
Јас кога враќав алишта ја слушнав вработената кај објаснува дека порачките одат директно во главен магацин, не е поврзано со нив. Значи конкуренција се неколку држави, така е логично да снема се за 30 секунди.
Не знам шо се чудите со начинот на функционирање на апликацијата. Пример на ASOS доколку ставиш артикли во кошничка, таму се “сигурни” до 1ч. мислам, потоа автоматски се бришат и стануваат повторно достапни за сите купувачи. Не може по цели денови да седат во кошничка, особено за време на распродажба. Во вакви ситуации, се работи за трка со времето.
Овде ни секунд не ти се сигурни. Ако во секундата во која стискаш е достапно го купуваш. Може додека стискаш купи да го снема.
Исто и кај мене, се беше out of stock иако се пуштив четири минути некаде пред 9 и беше почнат попустот. Мислам дека во некои држави почнува попустот саат време пред нас и одма ни собираат се. И со Зара сме граѓани од втор ред.
Во Германија е почнат пред нас. Јас отворив пред 2 дена и имаше%. А верувам дека и во други држави пред нас е почнат.
Јас па имам позитивно искуство до сега со апликацијата, вчера се што ставив во кошничка се ми беше достапно и нарачав.
Дечки проверувајте ги продуктите во wish list што ви се почесто без разлика да вчера пишувало дека ги нема на залиха. Мене уште вчера ми го вратија на залиха фустанот што го плачев тука и одма го нарачав. Само за него бев запалена и среќа што го докачив. Иначе совет од мене ако некој е ноќна птица нека нарачува касно навечер пошто тогаш нема "гужва" и нека прати ситуација со артиклите. Јас така зимоска кога станував среде ноќ на малата млеко да и давам начекував супер работи што преку ден ги снемува одма.
исто. Јас дека дојам, штракам мобилен да не заспијам, многу работи начекав. Сега има по 30 35 %, ако ви се чека ке има и 50 70. Ист џемпер мајка ми го купи два пати: за мене L 400, за неа М за 200. Ташна иста еднаш за 1000, втор пат за 500. Кој има време и нерви да отвара често може да начека доста работи.
Kako odat broevite so obuvkite na zara, dali se sovpagaat isto kako na primer od adidas nike? Jas naracav patiki 36 bidejki site obuvki mi se toj broj
Дечки, за достава ако одберам delivery point, на друго место, а не дома да ми ја носат, цената иста ќе биде така? Зашто ако е до дома, плус 240 денари на сумата, а ако одберам друга локација, останува иста како парчето што сум го избрала. Вака е сигурно или придодаваат потоа, па кога ќе ми дојде курирот ќе каже друга цена...?
Јас носам 36 и исто од Зара нарачав 36 и таман ми се. Ама нарачував и патики за сопругот, тој носи 43 и кога стигнаа беа огромни и морав да ги менам за 2 броја помали, односно да нарачам 41 број. Зависи моделот.
Скоро се што имав во кошничката нарачав. Неколку минути пред 9. Само два артикла немаше. Сега ќе чекам рефил.
Аха. Дека на страницава кога доаѓа моментот за плаќање сумата е иста, не се менува, ако сум одбрала претходно достава на друго место,а ако одберам до дома, тогаш сумата е со плус тие 240 денари. Не знам зошто така... Си викам дали курирот ќе ги земе тие накнадно...