Здраво, Имам едно прашање. Сакам да вратам некои артикли, испратив барање и истото ми е прифатено, но на меил освен дека барањето е прифатено, не добив ништо друго. При враќање на производ, освен фисканлната сметка залепена на кутијата, што треба друго ? Претходно кога ја правев нарачката добив eTicket, дали тоа треба да го испечатам ?
На апликација во делот за враќање на производ купен онлајн пишува кликнете на Барање за враќање, не можам да најдам таква опција изгледа сум ќорава
Девојки веќе подолго време чекам еден производ да го нарачам и повеќе од 1 месец пишува coming soon? Дали е можно? Не сакам да го пропуштам производот Дали ќе ми стигне меил кога ќе биде достапен со претпродажната цена?
Не не, на пример ако на некое парче пишува Coming soon, има да ставиш да ти стигне меил кога ќе биде повторно достапно и никогаш не ми стигнало известување за тие што сум ставил.
Ќе ти стигне известување, само провери во сетинг дали ти е штиклирана опцијата, и на апликацијата и на телефонот за нотификации. Ако ти е, со сигурност ќе добиеш нотификација.
Прв пат враќам производ преку курири па ме интересира. Колку време се чека за рефундација откако ќе пишат меил дека е успешно вратена нарачката??
Откако ке добиеш меил од Зара дека го имаат примено артиклот, парите на сметка ти легнуват за околу 3-4 дена.
Бидејќи курирот имаше мака да ме најде 3 дена, па на четвртиот се најдовме, на апликацијата ми пишува cancelled/rejected. А нема врска, си ја примив и платив пратката. Им треба време дури си уредат систем или како? Има некој искуство? Претходните нарачки ми се уредни ама ова ќе да ми влијае на следната, уште е во процесинг
Поздрав, Дали некој знае дали во Зара има проблем со порачки онлине, зошто сакав да порачам, адресава ми е точно но ова ми пишува.
Здраво, порачав фармерчина од попустот, но ми имаа испретено друг артикал, ми кажаа можам да ги вратам дали ако ги вратам во продавница дирекно ќе ми ги вратат само парите за фармерките или и тие за пат што ги плаќаме