Како знаете да изберете точен број од облека или чевли? Јас носам 38 број на чевли, но не секогаш. Патики адидас, најк 38,5, сандали 40, чизми 39, зависно од калапот. Тренерки од една продавница требаше 2xl да земам, од друго место L. За предмети нарачувам доста онлајн, ама сите околу мене нарачуваат и облека, а мене се додека не пробам, да видам како ќе ми стои, не ми се ризикува. Или јас не си го знам телото, или има страшни варијации во броевите на пазарот.
За чевли, прашувам колку е должина во cm, пишува на кутијата од патиките а потоа споредувам со моите дома. На сајтот од зара има size guide, внесуваш податоци и ти дава одредена големина, но сепак зависи од моделот, дали е поширок, потесен, ќе видиш тоа на сликите
Дали некоја од вас враќала производ, па парите и стигнале преку банкарски трансфер? Ако да, за колку време ти ги враќаат парите?
Денес ми стигна, нарачано минатиот вторник. Ми се допаѓа како беше спакувано и тоа што и фискална даваат
Инаку не знам дали знаете дека работите што ги нема кај нас у продавница, а ги има на сајтот им стигаат од Шпанија затоа е тој временски рок од 8 дена.Денес бев баш зборев со девојчињата имав нарачано за бебе нешто ми стигна, ама у Ск го нема и ми кажаа дека од шпанија ги нарачуваат.Ми кажаа и не е проблем, ако го има онлине а го нема у ск комотно можам и од кај нив да си го нарачам ке ми стигне у придавница.Затоа чекаме уствари Затоа што немаат се у Мк па нарачуваат од шпанија.Затоа очекуваната достава е толку доцна. Се јавија кај мене
Super se ...i ako se ceka se isplti tocno bes greski ubavo spakuvano ... mene denes mi stigna naracano od pred dve nedeli
Што значи и она што го немаат во продавница а го имаат објавено онлајн, ако порачаме од нашата страна(мк) ќе ни стигне? Така?
Да да, они го нарачуваат од Шпанија стига кај нив па кај нас Конкретно тоа што јас го нарачав ми кажаа од шпанија ми стигнало, тука тек на есен може ке го добијат,зашто нашиот бренд менаџер одличувал што ке има у продавница.Така ми кажа вработената
Дали некоја од вас има вратено производ? Сакам да нарачам ама страв ми е ако треба нешто да вратам а не може
И мене ме интересира истово, знам дека може, но дали со сигурност се враќаат парите? Веќе неколку дена на нарачката ми пишува "Се подготвува", дали ви се има случено и вам вака?
Мене 4 дена така ми пишуваше, па потоа ми стигна мејл дека е испратена. До среда ми е крајниот рок за достава, па се надевам ќе пристигне наскоро.
Девојки, сакам да нарачам 3 работи, од кои две ги има тука во Зара Скопје, а едната не. Прашањето ми е дали ќе ми ги пратат прво тие двр работи што ги има тука или па цела нарачка заедно ќе ми ја пуштат?
Дали при достава морам ја лично да ја подигнам нарачката или може било кој од домашните ако ја не сум дома?