Зависи, мене последната пратка ми стигна 2 дена од кога направив нарачка. Инаку во просек за 10тина дена.
Здраво девојки, во неделата купив во зара неколку џемперчиња и кошули. Денеска ги ставив за перење, на едниот џемпер се појавија флеки. Ја чувам и сметката и етикетата. Дали има шанси да ми направат замена?
Пробај во најблиската продавница, иако не верувам дека ќе ги ти ги заменат бидејќи веќе си ги испрала, па може да кажат дека не си ги следела препораките на самиот производ. Секако не те кошта ништо да пробаш. Јас инаку некни добив пратка. Од производите сум прилично задоволна, но кога пробав фискалната сметка да ја скенирам, ми излезе порака дека е веќе поднесена , значи некој од вработените или куририте веќе си ја скенирал
Кога доставата е преку Еко Лоџистик сум презадоволна. Кога е преку другата пошта ( тие што имаат канцеларија на ул. Македонија кај бикот) ме вадат од памет. Кога отварам да ја следам нарачката стои коментар од доставувачот "обид за достава, клиентот нема време" и вака 5 дена веќе , а никој не ми е јавен. И не е прв пат со оваа пошта така. Неколку пати се имам расправано на чат со Зара. Плус веќе скенирана сметка. Кога стварно ќе ме побараат, планирам да не ја подигнам. Мислам дека Хелоу Пост се вика поштата.
Значи исто и кај мене не беа Еко логистик овој пат, не ми кажаа како се викаат, и фискалната веќе беше скенирана.
Секоја фирма си има своја политика. Негде трае цела недела, негде викендот, а негде само петок. А некои нема ни да дадат попуст само ќе ја прешкртаат цената и ќе ја залепат пак истата ама со црвена боја
И јас не се радувам многу, ниту очекувам, посебно во Зара, H&M и слични имам приметено дека ставаат евтина роба која ја немало претходно и нема два пати да ја погледнеш ако не пишува попуст на неа. Од тоа што било убаво и квалитетно треба ептен среќа да имаш па да ти се погоди бројче.
Ме интересираше конкретно за Зара, како беше лани Меркам некои парчиња, ја знам цената веќе која е, ако ја намалат супер, ако не здравје
Да, извини, ми се виде дека во општи прашања имаш поставено, сега гледам дека си прашала конкретно во Зара. Извини.
Ја наполнив кошничката, се чека 19 часот сега, се надевам ќе успеам се да нарачам. Криво ми е само едни јакни не ги намалија
Дали некој знае доколку некое парче облека од Зара онлајн е потрошено сега на страната, дали има шанси утре во продавниците нивни да го има?
Јас нарачав скоро се што ставив во корпа , но дремев 3 саати над апликацијата, цело време тргаа и враќаа одредени работи на залиха.