Кога ќе враќам во продавница нешто што е онлине нарачано треба е-тикетот со баркодот да им го покажам или?
Имав другарка што користеше парфем од Zara, јас мислев дека е Apple Juice, но таа се двоуми дали беше тој или Dark Emerald оти и двата беа со зелено и не е сигурна за кој точно да прашував. Воопшто не сакам преблаги мириси, а за жива глава и јас не можам да се сетам за кој точно ја прашав, само памтам дека неверојатно свежо мирисаше . Dark Emerald не успеав да го најдам на сајтот, па се мислев овојпат да го земам Apple Juice. Да ми дадете предлог за некој што мириса посвежо и да има цитрусни ноти? И за клку време да ја олекувам нарачката? П.С.: Ако некој го пробал Violet Blossom да ми каже дали е добар.
Тој Dark Emerald мислам дека го нема веќе го немам пробано, а Applejuice e баш посвеж за секоја сезона и посекојдневен, пробај го. Исто и Twilight Mauve e пресвеж ама мене лично не ми се допаѓа. Violet Blossom е појак и посладок и е супер за овој поладен период. Не е премногу сладок ти го препорачувам ако не сакаш преслатки парфеми а сакаш по есенско-зимски.
Ти благодарам на мислењето! Таман се решив најпрвин да го порачам Applejuice, ми излезе ова: И се пренервирав. Имал некој досега ваков проблем или јас негде нешто погрешно направив? Вметнав и друга адреса, испробав повеќе пати и пак истото.
Дали некој има купено капут од оваа сезона и како сте задоволни од материјалот? Дали се гужва? Купив доста скап модел ама при првото носење имаше линии позади од седење во кола... Се мислам дали ова подлежи на рекламација, сеуште нема една недела откако го земав.
Хм...дали можеби сепак има некој проблем со сајтот? Ќе се обидам да контактирам и да видам дали ќе има одговор за ова. Им пишав денес, парфеми, лакови и уште нешто од козметика не можело да се нарачува, тоа веќе и една феминка го кажа, но не сфаќам зошто има проблем и со облеката. Најдобро пиши им.
И јас пред недела дена купив капут од 6490 ден и после две носења приметив дека се гужва, не само од позади туку и ракавите ми се гужваат. Материјалот ми изгледаше цврст, не го очекував тоа...
Веројатно е истиот модел, толку го платив и јас. Материјалот изгледапе баш фино, со квалитетна постава, крој...ама гужвањето...не знам. Се разочарав.
По седење на закачалка не ви се исправи? Мајка ми има капут од Зара, но од претходни години, кога и да и се згужва со седење на закачалка сам и се прави.
Дечки, јас два капути имам земено од Зара и со едниот го имам истиот проблем. Другиот е црн, па можеби не се приметува толку. Обично го поминувам со мокра дланка од позади кај линиите или како што пиша некој погоре, го оставам на закачалка. Материјалот е мека волна, се исправа одма, ми сметаше на почетокот, сеа се навикнав.. ги носам со години.