Јас порачав некои есенски работи за син ми. Но, за една блуза, наместо 1 сум кликнала 2 броја. Пишав меил веднаш, но сеуште ми немаат вратено. Инаку, пред два дена порачав а пишува дека на 14ти септември ќе ми стигне нарачката.
Прво тие што ги имаат ќе ти ги пратат. Евентуално ако ти стигнат и двете бројчиња, едното можеш да го вратеш и ќе ти ги вратат парите.
Девојки, дали пратката ви стигнала после предвидениот датум или навреме ви е испорачано?(за оние чија пратка стигнала од Шпанија)
Zosto ne mozam da napravam naracka dali znae nekoj.Uredno si sum logirana vo korpa mi se rabotite koi sakam da gi kupam , no cekor potamu ne mi dava.Pisuva -prezemanje od prodavnica-momentaln o ne e dostapno????
Здраво Дали плаќањето е само со при превземање на пратката? Гледам дека има 3 опции од кои две за гифт кард а нема ниту една опција за со картичка
Јас па мислев дека барем таа опција ја имаат. Пошто странава им е ужас, бавна, сликите преголеми. На толку програмери и дизајнери во земјава можеле барем малце да се потрудат повеќе. Не дај боже да ја отвориш преку пц.
Јас мислам дека е подобро со плаќање во готово, од причина што читам многу негативни коментари на официјалната страна на фејзбук. Луѓе плаќале со картичка, производите воопшто не им стигнале, ниту парите ги вратиле и ваквите коментари се во голем број.
Прашањево не е поврзано со онлајн нарачка но ме интересира дали сте имале искуство со замена на производ во продавница? Купив фармерки и кога дојдов дома приметив дека се скинати. Овие не ми се пробани во продавница едни вратив поради истата причина и земав нов број меѓутоа касно ги видов дека се исти и овие. Дали би ми ги замениле или ќе одам за џабе, не ми е баш близу. Фала ви.
Може било кој да ја подигне. Мојата стигна баш кога бевме на одмор, свекрва ми ја подигна без проблем.
Здраво Дали може совет од некој што е повеќе упатен посебно во делот со фармерките на Зара бидејќи малку ми се чудни во однос на големините а би сакала да си порачам. Во принцип носам 38 или 36 зависно од моделот, но вака во Сити мол кога сум ги разгледувала нивните фармерки 36 изгледа толку минијатурно за разлика од фармерките во други продажни места..
Ако се со висок струк и се mom jeans можеш да си земеш 36. Од тесните земи си 38, затоа што стварно можат да бидат мали, а и со перење се стеснуваат.
Јас во принцип од Зара фармерки секогаш земам еден број поголеми, сега баш имав нарачано и се мислев дали мојот реален број или еден поголем, и земав поголем. Таман ми се, дури покомфорно ги осеќам. А да и со перење се стеснија.