И јас истото го приметив, панталони од 2600 беа намалени на 600 , но во живо кога ми стигнаа воопшто не беа исти и материјалот некако не беше толку убав како што изгледаше на сликата , потоа штиклите кои ги нарачав беа од 3600 на 1000 денари, меѓутоа некако кожата беше како зберена буквално не толку убав квалитет како на сликите , и на крај чантата која изгледаше предобро на слика во живо беше криво сошиена и стварно се приметува ако само малку се задлабочиш и ги вратив. Незнам зошто така можеби затоа што за македонија поминуваат на продажба и парчињата кои се со грешки... А од другите работи што порачав маици и една Тексас сукна беа супер. Но воглавно некој работи се со грешки и одат за Македонскиот пазар за жал..
Девојки дали плаќате онлајн со картичка кога нарачувате од Зара или на рака кога ќе стигне пратката? Немам нарачувано од Зара, а од Масимо Дути обично на рака плаќам (претпоставувам исто е) но да ми кажете искуства.
Не е до нашиот пазар, и во Солун години наназад за големите попусти, особено летните вадат евтина и никаква роба која претходно и не била на продажба па изгледа дека имаат големи намалувања. Реално од убавите работи најмногу можеш до 30% попуст да фатиш или да носиш број како 34 или XS па да фатиш
Препоставувам дека имаш повеќе знаење околу производите според напишаното. Ако порачам фармерки 36ка, а обично носам ХС, дали е поверојатно дека ќе ми се големи? Ми делува како да не им се многу веродостојни величините и сега почнав да се сомневам, не знам дали да си ја подигнам пратката.
Бројките им се стандард, би требало да ти се точни, од таа страна немам замерка , коментарот ми беше повеќе мој впечаток околу квалитетот на "намалените" производи.
Ние се зачудивме со другарка. Таа порача 36 и 38, 38цата помала од 36ката. Може и таквите со промашени величини да ги праќат кај нас.
Јас нарачав фармерки 36 бидејќи и сите други ми се 36, ми беа мали, во продавницата пробав mom jeans исто 36 тастаман, за тесните фармерки ти препорачувам еден број поголем барем кај мене така беше , потоа бидејќи 36 ми беа мали , па ајде нарачав панталони 38 (М) на крај ми беа големи и така веќе не би порачувала фармерки или панталони, сукни носам S и нарачувам S и ми се таман , Кроп топс и тесни маици еден број поголем.
Зависи од материјалот . Ако има еластин го земам бројот што го носам,ако нема и пишува 100%памук еден број поголеми.
До кога траеше лани зимската распродажба во Зара и кога беше тој попуст во Февруари или тоа е продолжение само ?
Лелее 36 два пара, skinny jeans. Во едните пропаднав, уште за еден човек има место. Другите малку ми се широки. Ужас.
И моите беа skinny jeans но ми беа мали а секогаш носам 36, кај тебе обратно значи 32 или 34 ќе ти се таман чим овие ти се ептен широки.
Нема ги веќе во продажба. Ќе ги вратам и веќе не порачувам. Лупнав над 100евра, а се шо порачав шкарт роба.
Јас не би порачувала веќе штикли и чанти исто шкарт роба како што кажав криво сошиени ,на штиклите кожата соберена и после зошто -75% ете затоа..
Ма сѐ шо е партал гледат да го продадат на попуст. Немат си врска сликите со вистинскиот производ шо ти стигнува.
На 25 вратив нарачка, на 26 јануари (вчера) е доставена назад кај нив, колку дена од кога ќе стигне кај нив ви стига е пошта дека нарачката е успешно вратена и средствата ќе ви бидат рефундирани ?