од лани ми е јакнава....затоа не можам да проверам. Како што гледам на овогодинешниве јакни пишува на 30 степени или со влажна крпа
Што направи дали успеа да откажеш јас денес на пладне направив нарачка уште си стои на купено и не ми дава да ја откажам а има опција откажи
Јас имам црна перјана од лани и ја перев во машина, ништо не и е. Можеш на 30 и помалку вртежи на центеифугата
До кога трае попустот? Некои работи што ми се допаѓаат пишува coming soon, но ако е до крај на јануари сигурно ќе се вратат со зголемена цена
И да заврши попустот , на тие што пишува се враќа наскоро ќе бидат со тој попуст само можеби ќе се како special prices.
Јас имам од годинешната колекција и бидејќи е со пердуви полнета страв ми е во машина на хемиско бев во план да ја носам. Страв ми е да не се соберат пердувите на едно место и да ја уништам.
За време на зимската распродажба има и летни парчиња гардероба , дали и на летната распродажба ќе биде исто ,т.е да има и зимски парчиња на распродажба , го знае некој ова?
Лани немаше како што памтам. Може има по некое тенко јакниче и за меѓу сезона нешто, ама овие јакни и чизми што ги има сега ќе ги нема тогаш.
Уште не е стигната ама ќе ја подигнам. Сакав да нарачам уште нешто и да ми бидат во една нарачка. Ама си направив нова со другите работи плус. Инаку пиши на чатот дека сакаш да ја откажеш па ако не е веќе испратена ако може они да ја откажат
Мене ме интересира доколку порачате и бројчето ви е погрешно, а сте купувале на селс, дали ке направат замена за друг број во некоја од нивните продавници?
Ако има од истиот производ тој број што ти треба , да , ако нема тогаш може да си земеш нешто друго или да ти ги вратат парите.
Sakam da prasam ako saka nekoj da mi izmeri obem na struk na pantaloni velicina M i L od zara za da poracam online
Зависи за каков модел станува збор и нормално материјал. Јас имам панталони XS и M и двата ми се точни. Зависи дали се прилепени или широки и најмногу од материјалот. Пред неколку дена порачав панталони 36(S), иако и двата модели беа широки, едниот ми беше потесен со 1cm, различен материјал. Што значи величините особено за панталони се хаос. Најдобро таму да си видиш.
Јас ги нарачав овие панталони , xs , а обично носам и S (фармерки). Што мислиш таман ќе ми се ? Минатиот пат нарачав М и на крај беа доста големи па ги вратив..
Имаш ли опција hand wash на машината? Јас вакви јакни на оваа опција перам,со ладна вода и дали еднаш два пати ќе ја сврти и толку. Крзното од капата извади го . Не треба да има проблем никаков.