Благодарам Пак јас Зарем е можно волку брзо да се продаваат парчињата? Ноќта по полноќ ги гледав, утрово веќе ниту еден пар на фармерки немаше
Можно е, мислам дека за цела Европа се истите залихи, не само за Мкд и одма ги купуваат. Јас 10500 веќе потрошив и уште има работи што ги чекам, и тоа зависност ми створи апликацијава, аднералинот ми се дига кога ќе ставам нешто во корпа и со брзина на светлината да успеам да го порачам. Ама 2 капута ми побегна се испонервирав Не знам само јас ли сум вака, ама облеката им е врв а за смешни цени. Него да ми кажете ако откажете нарачка одма ли се враќа продуктот оти сакам пак да го порачам ама да додадам и едни чизмички за да не плаќам двапати достава?
хахахх ме изнасмеа, таа 10500 дала до сега, шопингадикт, та за доставата прашува ќе ја наплатиле ли . Исто сум и јас од прилика со сумата , да требаше да станам да отидам на лице место у Зара и да пробувам дали третина од тоа ќе потрошев. Знаат како да ни ги земат парите... ти лежи си на топличко не се секирај, другото оставете го на нас. Не знам ова со откажувањево, ќе те излажам. Морав да се убацам оти смешно ми падна со доставата ова. Некој друг ќе те просветли.
Јас така еден комплет го сакав. Ја нарачав блузата само. И по 4 даати ги вратија и панталоните. Ја откажав првата нарачка и одма ср врати тој број и заедно ги нарачав двете. Иначе ова другово скроз сум иста. Инаку успеа некој да си нарача капут последниве денови за 800 или само јас немав среќа?
Така и си мислев, дека ќе се врати и одма пак да го порачам, ова другово веќе да ми биде ставено во корпа, ама не смеам да ризикувам баш најубавиот капут ми е во нарачката. Што вика @DaisyDoo јас коњот го дадов па за самарот... Ете @Mell11 јас нарачав два и една јакна, два ми утекоа за влакно, т.е. уште последен чекор да кликнам плати ми вика овој производ веќе не е достапен. Инаку скапав на апп, на секои 10 мин отварам, ама најмногу рано наутро и доцна навечер додаваат артикли. А и ноќеска ама ќе треба без спиење да останам ако почнам и ноќеска да дремам. А и без пари богами
Даа сношти имаше стварно добри понуди, за прв пат јас отворив и ај реков за денес да се измерам кога тоа ништо од залиха @lady.N хаха ме насмеа, е ова ти е шопинг со страст
Штом носиш S, мислам дека за овие би ти одговарало баш S. Немаат еластан во состав, така да не се растегливи. XS може да ти е кнап.
Буквалноооо иста сум , сите пари си ги дадов досега скоро 200евра само нарачи па ако не е таман враќај па цело време откажи нарачка од друго добиле број , на секој пола саат бев на апп... Има предобри парчиња за смешни цени да... За 700 денари купив три Кроп топс , а во бутик неможеш ни едно да купиш за тие пари...Само не ми се допадна ташната што ја нарачав лошо сошиена Ш класа искрено...Јас повеќе нарачував летна гардероба сега сум опремена за пролет/лето и тоа по екстра ниски цени, се надевам ќе се покажат квалитетни досега тоа што го имам се покажа квалитетно, но мислам дека има и работи што вредат повеќе пари а го немат тој квалитет. П.с тоа што праша веќе ти одговориле , истото го направив безброј пати , го отќажувам и одма го има пак на залиха и нарачувам. Многу зависност ствара особено кога од нешто има само една залиха а ќе го нарачам јас и после само гледам "нема на залиха" значи врв чувство за време на огромни попусти
Чекам еден пишува се враќа наскоро , таман видов има xs одма потрошено, се враќа наскоро а само две три залихи... Има предобри капути само треба цело време да дремеш на апп секако ќе фатиш
Немаше S , од кроп топот нарачав S, а од панталоните имаше само XS . Мислев на други панталони кои беа М и ми беа големи , сега видов материјалот. Тие М што ми беа големи се 60% вискоза 40% лен, а овие што ги нарачав xs 55% лен 45% памук. Но не се разбирам баш , гледам имаш познавање, што мислиш, кои се рашируваат повеќе?
100% памук не се растега, состав од вискоза, полиестер и еластан(секогаш земам еден број помал). Ленот не е растеглив, а во комбинација со памукот воопшто не е. Вискоза со памук, бројот што си го носиш. Исто многу битна информација се самите знакчиња на етикетата. Ако има квадрат, тоа значи дека ти треба величината што си ја носиш. Ако има триаголник, треба брок поголем од оној што го носиш. Ако има круг ти треба број помал. Ова е за се така не само за панталони. Се надевам ти помогнав малку.
Да тоа баш го видов на тикток , маица S со коцка ми беше таман, а другите две земав М и беа со триаголник и ми беа таман , ама за Тексас сукњата видов дека е триаголник но мене ми беше таман мојот број што не секогаш е точно зависи до материјал како што рече . Сега незнам што да правам дали да ја земам и да се кнап не е проблем само дали ќе се закопчаат? Незнам стварно.. Фармерки и панталони им се катастрофа бројките...
На сабајле кога станувам и проверувам зара има многу убави работи но се се out of stock. Еве ако некоја феминка проверувала преку вечерта, дали тогаш има броеви?
Сигурно не го ни земале твојот пакет за да ти го донесат па мора така да напишат , пратката е подигната уште од 28 , а дури вчера кај нив во канцеларија и на крај пак не ти се јавиле.. Најдобро оди земи си ја од каргото ако си од градот имаше може и уште два дена да си почекаш.. Еко логистик се подобри веќе таму нарачувам да ми стигнат и си ја земам следниот ден.