Мој совет ти е да си земеш 38. И јас сум измеѓу 36 и 38, 36 бирам кога се работи за широки и екстра долги. За ваков модел би ти препорачала 38. Симни ја апликацијата од play store.
Дали ви се случило да подигнете пратка а на страната и после неколку дена да не пишува испорачано до корисник? Јас си ја подигнав пратката, а пред 2-3 дена ми стигна известување дека пратката ќе доцни... Исто ме интересира дали некоја од вас нема подигнато пратка(јас лично видов дека боите не се баш такви како што беше прикажано и ради тоа не сакам да ја подигнам пратката), па да ме посоветува како да постапам?
Не, курир ми ја донесе, си ја подигнав и ми стигна емаил од зара дека пратката ќе ми доцни, а јас веќе ја подигнав.
Замена не прават, а враќаат пари. Патем дали има некој што вратил производ и за колку време му легнале парите на сметка? Ми е страв да вратам на тој начин зашто читам многу негативни коментари на нивната фб страна..
Јас порачував онлајн многу работи. Морав да вратам 4, отидов во Зара со онлајн фискална и фискалната што беше во пакетот што го примив и ми вратија кеш. јас порачував преку апликацијата, таму имав опција само за плаќање при достава.
Замена може, јас имав порачано преку страната и директно во Зара направив замена за др. А мислам дека и пари враќаат.
За сега нема опција да се плати онлајн, освен со гифт ваучер. Единствена опција е при достава да платиш во готово на доставувачот.
Мислев може и вака. Сум плаќала на доставувачот. Ама без врска ми е. Сакам дирек да платам и да не се замарам.
И според мене е многу подобро така, посебно како што ми се погоди еден не баш најљубезен минатиот пат. Веројатно ќе воведат и таква опција наскоро бидејќи очигледно има интерес за онлајн нарачки.