Имаат премногу нарачки и им стојат таму не ги разнесуваат кога имат време тогаш.. преку ЕЛС до сега побрзо ми стига.
Како оди доставата до каргото? Значи не до дома, туку до канцеларијата на каргото кај мене. Утрово нарачав така, но не ми побараа тел. број, само во која канцеларија да ми достават, па ми падна чудно. Имате искуство? Бтв, фала ви за советот за купување рано наутро, продукт што ми го немаше една недела, а за конец го пропуштив, го најдов сабајлево и веќе го нема
Јас нарачувам така, во вторникот отидов и си ја подигнав од каргото , можеш да бираш дали сакаш преку Делко или ЕЛС, но преку ЕЛС е многу подобро и некако побрзо стигаат, тие во Делко едвај ги наоѓаат пакетите, немат доволно вработени.. А за бројот автоматски го внесува тој што го имаш во податоци внесено.
Бооо новата колекција каква е шарена,целосен колор блокинг.Да гасам нет ,додека не останав шворц заради таа Зара
Ај кажете од јакните и капутите кои се убави, ако му стасале на некого до сега. Јас нарачав 2 јакни (црна скаена полнета и маслинеста со црно крзно на капата) и 2 капута (краток беж и долг црн со крзно на ракавите) вака на слика се убави, не знам во живо што да очекувам, а немам трпение. И дали може да се намести местото за испорака автоматски или мора да го внесувам на секоја нарачка? Ми е страв додека да внесам да не ми ги снема од кошничка и до дома ги порачувам иако не сум дома. Кога ќе ми се јават ќе кажам дека ќе одам јас да си ги земам.
Да, може да ставиш испорака на место на преземање, односно да ти стигне кај нив во канцеларија па ти да одиш да си го подигнеш, можеш да бираш меѓу Делко и ЕЛС , доколку има ЕЛС канцеларија во твојот град. Јас цело време чекам еден капут долг кафеав и еден кариран и цело време пишува наскоро но никако да дојдат..
Оди на опцијата да те известат на мејл кога ќе биде достапно твоето бројче. Јас така меркам еден капут.
Тоа со coming soon може е некој bug на апликацијата. Затоа што на international страницата сите работи се coming soon така да не верувам дека ќе ги вратат. Јас еден фустан што го сакав летото не на попуст, цело време беше coming soon и уште е и никако не го пуштија
Може имате видено, може и не како јас досега - покрај Sale има и Special prices, има бројчиња, си најдов убави парчиња на 35-45% попуст.
@cooll оваа опција ја има кај производите *последна шанса* Одбираш производ и притисни *додај во кошница* и потоа си одбираш големина и кликаш на извести ме и пишуваш мејл адреса твоја.
Не праќаат известувања. Сум нараувала производи кои ги нема па има а без меил, случајно сум ги начекала. Капутот го меркама ама тешко. Една наметка со месеци стоеше така и не ја добија.
Како ќе ти се погоди изгледа, еднаш едно сако така чекав и ми пратија во 3 часот известување, дури сабајле видов и не беше достапно веќе
Извини може малку замарам, но сега нарачав едни панталони (63% полиестер, 32% вискоза , 5% еластин) а другите 100% полиестер, и двата пара нарачав S, таман ќе ми се или требаше xs ?
Кој број на чизми нарачувате од Зара? Јас обично носам 36 ама нарачав 35 број ми се видоа како широк калап. Штикли нарачав 36 и ми беа малку големи. Ве молам искуства.
За првите баш со тој состав секогаш нарачувам XS, но и S би било во ред ако имаш малку пошироки колкови. За 100% полиестер е во ред S. Зависи од моделот. 100% кожа, број подолу зашто се шири. Платнени(чорапа) чизми исто број подолу. Онака стандард како што си носам.
Јас успеав пред недела време да нарачам XS, од тогаш проверувам на две минути ниту една бројка немаат пуштено. Зашто повеќе сум за S, ако ми е мал може ќе усреќам некого од овде.