Ако е тој кафеавиот долгиот го чекам цело време и успеав да начекам xs но одма се потрошил изгледа ти си била таа хаха
Пред една недела направив две нарачки, едната е комплетот (Кроп топ и панталони) , а втората вчера на чизмите и панталоните . Меѓутоа во предвидениот рок на достава нема да бидам во земјава и нема никој кој да ја подигне. Па затоа доколку некоја од вас имала мерак да го нарача комплетот а не успеала поради недостапност на залихата, можам да направам промена на град и адреса па доколку некоја ги сака слободно нека ме исконтактира , во текот на следната недела треба да биде доставена . Панталоните се XS а Кроп топот S. Додека кај втората нарачка панталоните се S а чизмите 35 број. Јас секако нема да ги подигнам па ќе бидат назад вратени , затоа ако некоја сакала да ги нарача но не начекала број еве слободно може да ме контактирате за било какви информации , е-сметка од артиклите и слично.
Мене на Зара чет ми рекоја дека кафениот капут со ремен и крзно не го очекуваат повторно во продажба. Од истиот модел ми понудија црн и син но со редовн цена. Така да јас се откажав не го чекам веќе. Еве само инфо да не си го трошите времето залудно.
Јас розовиот капут го бендисав ама ништо, повеќе среќа следниот пат. Ставен ми е на wishlist, ама сумњам дека ќе се појави пак. Сепак успеав да уловам нешто во последна минута, барем да не ми е мака.
Мислам дека сака да види твоја лична слика.... Бидејќи рече дека го имаш, па ако сакаш да ни покажеш слики дали материјалот/крзното е убаво?
Да, лична слика сакам да видам од материјалот каков е и крзното. Дали е како останатите капути на Зара.
А какви се останатите капути од Зара? Добар е квалитетот или не? Јас нарачав 2 ама уште не ми се стигнати. Вака од досегашно искуство од јакните сум задоволна од квалитет, а од обувките не баш, не ми се свиѓа ѓонот многу бргу се оштетува, и детска гардероба обично купувам од таму и има добар квалитет ама нешто знае и да не се погоди. А некаде читав за капутите дека се гужвале многу. Какво ви е искуството? А и ве читам погоре немало мали величини, како мене само хс и с ми излегуваат, дали оти ми треба м-л. и јас си чекам уште неколку капути ама никако да ги начекам моја величина.