Сигурно некој претходно прашал, но не можев да најдам низ одговориве.. Дали доколку нарачам онлајн, можам потоа да заменам за друг број или друго нешто во некоја од физичките продавници? Или ќе мора по карго да враќам?..
Зарем не можеш да провериш во зара-косово дали го има? 20€ е ми покажува на сајтот, сите сајтови од државите во близина ги проверувам
Имаше уште дополнителен попуст на фустаните кои сега се по 399 , и панталоните од 399, исто и на капутите?
И сега мислам дека е предобар , има капути потенки и за 399 и фустаните се скоро сите по 399 , фармерки 399 , ташни видов и за 250 350 ден , чизми за 599 , патики за само 350 ден , прениски цени стварно.
Не, уште 2 недели најмногу. Проверувај постојано. Јас успеав да нарачам XS. Денес ми стигна и е прекрасен.
И мене ми излезе пред неколку дена М ама не успеав да го порачам. Сега веќе го нема. Јас па денес го нарачав оној бордо боја долг, преубав, ама хл величина, а м носам, максимум л. Си реков ќе го носам да ми го стеснат на шнајдер. Т.е. не ни мислев во таа секунда само гледав да го порачам - мислев откако го порачав. И после се премислив сакав да го откажам по 1 час ама не ми дозволи, пишав и на чат ама во напредна фаза била нарачката... Па ќе видам кога ќе стаса што ќе правам, може стварно ќе го теснам Спојлер
Има ли опција да се спојат нарачки? Купени во размак од неколку минути? Или, всушност тоа е целта, плаќање карго од 259 ден., а се брзаш да ги наплатиш како не би заминале?
Не може, единствено да ги откажеш двете нарачки и одма нарачувај ги сите артикли (во една нарачка) , ако ти се зачувани. Има ли голем избор во ист Гејт ? За Зара прашувам.
Ако ти се зачувани, ќе се појават ама може да поминат неколку мин додека да се појават, инсче секако ќе ги има само одма нарачи. Зачувани ти се сите ?
Доколку сакаш пиши ми ги во порака референтните броеви на артиклите ќе ги зачувам па ако излезат попрво кај мене одма ќе ги нарачам па секако ќе излезат и кај тебе само кога ќе ги ставиш во кошничка ќе пишува дека го нема на залиха и кога јас ќе ја откажам нарачката одма ке излезат кај тебе како сакаш.