Бидна веќе, ги откажав трите. Само една ми се појави веднаш, другите две не. Кај едната по одредено време се појави бројчето, ставам во кошничка, за наплата ми дава out of stock. А, пак си стои бројчето.
Стигнааа пред една недела и бројче сум погодила и кнап се Презадоволна Црниот ми е љубов на прв поглед
Треба цело време да проверуваш на 30 сек јас така начекав се. Девојки на Зара најдов неколку фустани така по свечени, па ми треба мислење дали се супер за матурска вечер, бидејќи воопшто не сакам долги фустани до земја или цели со чипка.. Кратки се, а едниот е миди. Што мислите?
Одма во моментот рефреш направив, и цело време рефреширав досега, не ги појави. Еве ги чекав досега, па ако сум те срече, ќе ги начекам утре. Инаку, вториот фустан е најштосен.
Фала ви за споделенто мислење. Од ваш личен аспект прашувам, исто како вие да треба за вас да одберете лично, дали БИ го носеле тој што најмногу ви се допадна од тие што ги споделив ? @Mantub @Adi888 @senza.parole
јас не би го носела тој со коцките, не е воопшто по мој вкус, останатите се убави, ама најштосен ми е златниот
Само последниот ми се свиѓа и ми одговара за пригодата. Другите искрено не. Но, тоа е мој вкус сепак.
@senza.parole и јас така се зафркнав, откажав еден капут за да го нарачам заедно со чизмички за ќерката и не се појави пак, сигурно 20 мин чекав и рефреширав и ништо. На крај и чизмичките ми ги земаа. Сакајќи рогови и без уши работава
Поднесов барање за враќање на пратка во која имаше еден артикл. Уредно си пишуваше 1 артикл, 1 кутија на апликацијата. Сега на мејл гледам ми пишува 2 артикли, под тоа слика од сакото што го враќам, а под него пишува 1 единица. Дали некој имал ваков проблем?
Искрено да ти кажам, мислам дека не е случајно и има нешто врска со алгоритмот. Чекав до 2:00, сабајлево станав во 5:45 проверував и случајно се погоди едниот да го има. Пред да го нарачам стопати проверив кај другиот, out of stock беше. Само што го купив првиот, не поминаа цели две мин., правам рефреш по не знам кој пат, се појави вториот. И на крај пак три карго услуги.
Кога се враќа производ физички мора да биде спакуван исто или може и во друга ќеса или мора со кутијата?
Може и во обична кеса само артиклот го земаат не и кесата или кутијата. Ако во кутијата си имала нарачано само еден артикл , не може да излегуваат повеќе. А ако си имала повеќе , а си штиклирала еден за враќање , само еден ќе излезе во е поштата која ја праќаат. Но во правилата пишува дека ако на пр имаш штиклирано два производа за враќање а во пакетот испратиш само еден , не е никаков проблем , ќе ти ги вратат парите само од тој што си го пратила. Ако нешто не ти е јасно пиши ќе ти помогнам.