Ниту еден не е по мој вкус, јас не би ги носела. Најмногу за пригодата ми се допаѓа третиот, ама треба добро да се искомбинира за да не изгледа кичесто.
Го продавам сакото, никогаш облечено за жал поради згрешена величина, но го задржав од пусти мерак за кожено сако, ама залудно. Можеби некоја од вас ќе се усреќи. 1500 денари, со достава од мене. Иако го зедов дупло повеќе. Величина М. Би одговарало и за S, за некој што сака oversized.
Ви се има ли случено да доцни пратка? До 10 беше предвидениот рок, уште ја нема. Други после таа пратка што ми беа порачани стигнаа оваа уште ја нема. Им пишав вчера ми рекоа денес пак да им пишам ако не стигне. Претпоставувам оти се повеќе работи да не ги праќаат од различни места па додека се комплетира, ама што знам, доста време помина.
Да , мене ми се случи , рокот беше до 19 јануари , па ми продолжија од 20-24 Јан , и стигна на 22-ри. А другите кои имаа рок од 21-26 стигнаа заедно со таа на 22-ри.
Го немам тоа нарачано, ама секогаш нарачувам од таа величина што ми ја препорачува и до сега се ми одговарало
Лани траеше до 20 март отприлика, ќе има уште само со намалени залихи. Инаку во недела секако слабо има ново, обично во работни денови додаваат артикли.
Комплицирано е. Капути на пр. од Зара секогаш сум за S. Некогаш и во XS ме собира. А, кожени јакни обично М. Сакоа кога-како. Од овој S нарачав, па ќе видиме како ќе биде.
И јас овој пат многу утнав со величините, од лани јакната ми е М и ми е супер па сега се М порачав ама капутите ми се малку големи, јакната огромна (прав модел е) а елекот тесен. Малку ми годи што ми треба помала величина не дека не Заклучок се е до кројот.
Нарачав xs и ми се таман , ако беа s ќе беа големи . Фала ти навистина ми помогна. Значи со тој состав навистина треба број подолу .
Ти стигна ли капутот, каков е во живо? И јас го меркав и тоа баш Л/ХЛ носам, ама не стигнав да нарачам
Девојки сакам да враќам два производи од две различни пратки, се мислам да ги спаковам заедно во една од кутиите и да ги залепам двете налепници, ќе биде ли проблем? Претпоставувам не треба да плаќам карго пак штом ги носам до кај нив, но потврдете ми за секој случај
Мора да се во посебна кутија/ќеса затоа што се две посебни нарачки и не мора да биде Зара , може и во обична кеса. Враќањето е бесплатно. Девојки има ли сеуште избор во Ист Гејт Зара убави панталони и јакни , била некоја деновиве ?