Spored mene im treba uste da ja dosredat kako treba stranata. Gi nema parfemite i jas sakav da si naracam. Na moja bluska pri naracka i naplatile okolu 400 den sale taxes. Neznam sto napravi dali i go koregiraa. I da treba da se plaka on line. Da ima i takva opcija. Pa koj saka neka si plaka na dostavuvac. Inaku mnogu me bendisa kako stignuva narackata uredno spakovana zdipleno se vnatre picikato.
Девојки, дали сте нарачувале чизми на штикла? Каков е калапот, дали ви одговара со бројот што стандард си го носите или треба поголемо/помало? Има мерки на страната, но сепак не ми е сигурно. Се ми е 38 бр, а кај нив излегува дека ми треба 37.
Девојки порачав фармерки ми стигнаа денес но бројот не ми е точен големи ми се, ги земав според бројчето страната што ми го одреди ама требаше да си земам помал број што вообичаено го носам.. Како да направам замена за помал број, не сум во можност да одам во продавницата дали постои некоја друга опција?
Треба да ги вратиш назад по карго,мислам дека е бесплатно.И да си направиш нова нарачка,но ќе треба пак да платиш 250 ден за достава.
Не ми е проблем ќе си платам карго, само на сајтот кога отварам за враќање нема опција, ми вели да изберам производ кој сакам да го вратам и не можам да го штиклирам.. Дали можеби дека сеуште не е апдејтирано дека ја добив? Да почекам некој ден да стане испорачано до корисник па потоа ќе можам да направам молба за враќање? А како би ми ги вратиле парите? Ја платив при испораката...
Не сум,враќала но видов дека има опција за враќање.Пишува дека е бесплатно.И дека парите ги враќаат на сметка.Ај пиши ми што ќе направиш дали може да го вратиш и мене ме интересира.
Пополнав пријава за враќање пред неколку дена на сајтот, во известувањето пишуваше дека курир ќе ја земе пратката во рок од 48 часа, никој не ме контактира. Испратив порака до Зара Скопје ми рекоа да се консултирам во чатот, тие не биле надлежни. Им пишав и таму на англиски ми рекоа кога ќе се реши случајот ќе ми испратат меил. Уште чекам..
Девојки ме интересира ако производот е достапен во Скопје дали ќе ми стигне брзо или пак ке чекам десетина дена?
Update на случајов, ми се јавија во вторникот да ја вратам пратката во Екологостик, денес ми ги вратија и парите на трансакциска. Замена не прават си направив порачка пак.
Па не баш, пошо проверува системски по локација, мене ми пишува дека не може да ми испратат пошо парчето не е достапно кај нас.