Треба да отворите тема Зара , не Зара online веке 4 , 5 години е навлезена во МКД во Сити Мол и Ист Гејт Мол
Првиот пат се вкупно, односно откако ја однесов во карго па се до подигање на парите од сметка чекав 10-11 дена , а вториот пат 12-14 дена некаде.
Вчера направив нарачка,но ми ја поделија во два дела.Утре ќе стигне едниот дел од пратката.Ме интересира цела ли сума треба да ја платам утре?
само на делот кој ќе го добиеш 36 плаќаш при испорака биди фина и замоли ги , не би требало да ти направат проблем. Лично јас купив јакана без етикета беше последна на попуст,така да некој ја вратил без етикета.
Доколку ми ја поделат нарачката во две пратки и подигнам само една пратка дали би било проблем? Направил некој вака до сега?
Би било проблем зошто си нарачала и треба да ја подигнеш, ако ти ја поделиле на два пакети тоа е само заради што ги пратиле од различни продавници
Ако веќе не ги сакаш тие производи тогаш не ги земај , твое право е, ама ако ти е сметката под 2590 и каргото ти е ставено во првата пратка што ќе ти стигне прва тогаш не ти се исплаќа да не ја земеш и втората бидејќи веќе ќе ти е платена доставата во првата.
не е проблем зошто и за двете нарачки сумата ти е поделена.Ти плаќаш за нарачката што ја подигнуваш,останатиот дел ќе го вратат брз проблем зошто има две фискални.
Ќе ми каже ли некој како ги перете сатенските работи,фустанче на рака го перев со ладна вода,се собраа и толку више за во канта ниту еднаш не облечено ,и се што ми е сатен од Зара се собра.Многу се изнервирав
Дали некоја од вас го има ова боди? Го имам истото од лани само во друга боја, го облеков само еднаш и го запудалив, зашто и покрај нанесен антиперспирант самиот материјал буквално усмрдува на пот. Зашто предобро легнува на телото, се мислам да му дадам шанса на ова, немам пробано да си нанесам парфем наместо антиперспирант, мислите ќе помогне? Не ми се фрлаат 850 денари за џабе, такашто ако имате некои совети за овие материјали, споделете.
Сакам да порачам едни фармерки на попуст и фустанче со редовна цена. Вкупната сума ми иди над 2590ден меѓутоа пиши дека бесплатна достава има само за full price items. Дали е можно да платам достава?
Нема да платиш. Ќе ти пресмета во корпа. Пробај со друг антиперспирант. Мене искрено најпогодени до сега ми се Dove стиковите зошто не оставаат миризба на стикот помешана со пот. А, можеш да пробаш и некој антиперспирант без мирис, пример Lidera deo cream. Во случај ако ти оставил некој дезодоранс траги или миризба што не се тргаат со перење, го препорачувам Dr. Beckmann deo and sweat stain spray (го има во Dm).