Имам јас црно вакво боди облечено само еднаш и искрено нејкам пак, не е до антиперспирантот самиот материјал е таков умирисува, убаво е бодито а вака жал ми е што само ми стои во плакар.
Нема големи попусти сега. Може нешто 15-20% на селектирани парчиња околу Велигден. Големиот попуст е во јули.
Дали ако на страната пишува дека нема одредено бројче важи само за онлајн нарачки или во продавница не е достапно веќе?
Девојки, дали знаете колку е рокот за враќање на пари? Сакам да вратам онлајн нарачка директно во продавница, па ме интересира дали имам 30 дена право за враќање на парите или помалку?
Некаде читав дека имаш 15 дена за пари а 30 за пеоизвод. Дали е точно не знам ама можеш да прашаш на чет.
Девојки,сакам да нарачам еден фустан од Зара , но пишува дека моделот е помал од вообичаеното, дали тоа значи ако носам S , сега треба да нарачам М? Дали сте нарачувале до сега вакви артикли ? Дали некој го има видено фустанов во живо во продавниците, и дали моделот е помал од вообичаената величина, и дали може некоја од вас ако има можност да провери која живее блиску?