Најчесто кога е распродажба знаат да закаснат за неколку дена, еднаш ми се има тоа случено, а имам нарачувано и кога е распродажба и кога не е
Мислиш spring/summer sale, 15-20 јуни некаде , нема точни дати . На цела колекција, а сега може само да има special prices, на одредени парчиња, а распродажба во пролет нема. Има ли добар избор на фустани за матура во продавниците на Зара?
Имам една нарачка од Зара и пишува дека треба да ми пристигне следната недела во вторник. А јас се надевам до петок или барем сабота да ми стигне Дали ви се има случено да ви стигне пратката порано од тоа што го пишува?
Не , само неколку часа по креирањето на нарачката дозволува да се откаже, иако не е ниту во фаза на подготовка.
Повеќето артикли ги праќаат од Полска и Шпанија , не се плаќа никаква царина . Дали и ако на 30от ден вратам артикл , ќе ми бидат вратени парите , не сакам замена или на гифт кард да ми ги стават . Некаде пишува на форумот дека ги враќаат парите а некој дека не?
Да ќе ти ги вратат, сум враќала и во продавница и преку апликација после точно 30 дена и парите ми ги вратија.
За кои елеци конкретно прашуваш? Јас го купив тој тесниот црн, М величина (полнет) ама тесен ми е во градите и ми ги сплескува и ете уште стои во плакар необлечен (со етикета е уште). Мислам дека на Ѕ одговара повеќе. Ако си за таков пиши ми порака може да ти го продадам со попуст
Девојки кој е бил во Зара од неодамна, ќе може ли да ми кажете дали ги има овие кломпи во продавниците во Сити мол/Ист гејт?Оти на апликацијата ги има ама ниеден број не е достапен и не можам да ги нарачам. Исто така ме интересира дали овој модел го имате пробано и дали се удобни?Оти се намалени и сакам да ги нарачам.