Дали пратката може да се врати преку карго и тие да ми вратат пари или само во продавниците на Зара може?
Така и се враќа, преку истото карго што ти го пратиле, но парите ги праќаат на сметка после неколку дена.
Сакам да нарачам боди, носам L понекогаш XL зависи од моделот. Прочитав на некој форум дека броевите на Зара им се помали од оној број што го носиме дали е тоа стварно така ?
За нешто да , за нешто не, јас имам маици и топчиња од Зара и s, m , l величини, фустани и сукњи обично е бројот што го носиш секогаш , панталони еден број помал , фармерки некогаш ист број некогаш поголем..се зависи и од материјалот.
Ја отвараш нарачката во апп бараш враќање штиклираш кој артикли сакаш да ги вратиш внесуваш трансакциска сметка и на емаил ке ти стигне етикета за враќање ја печатиш и ја лепиш на надворешната страна од пакетот и на етикетата го има логото во кое карго треба да ја однесеш пратката и за 10 тина дена ти стигаат парите на сметката.
И кај нас е исто, не зборам за Мкд. Не можев да најдам ништо… Ќе идам пак другата недела порано кога ќе нема гужва.