Здраво на сите… Немам искуство со зара онлине достава, па да прашам пбично за колку врме стигаат нарачките со ваше искуство, надолго и најбрзо…? Благодарам, Поздрав
Исто, во вторник беше испратена а вчера подигната од курир. Оваа што ќе ја добијам утре за 10 дена се вкупно.
Случајно некој да го видел скоро во продавница ланчето? На страната го нема, не знам како оди дали истите работи се.
Здраво. Дали некој од вас враќале нарачка од дома ? Како оди процесот, дали се плаќа нешто или само поднесуваш барање преку страната? И дали ќе треба од дома да ми ја земаат нарачката или јас да ја однесам во поштата што ми ја испрати? Фала ви!
Штиклираш преку апп кои артикли сакаш да ги вратиш и на маил ти праќаат етикета ќе ја испечатиш и ќе ја залепиш на надворешната страна од пакетот , иако јас ставам уште една копија и внатре во пакетот,само спакувај добро за да не се оштети , ако ти стои кутијата најдобро во неа. На етикетата го има логото на каргото каде треба да го однесеш пакетот , затоа што може да ти била доставена пратката преку ЕЛС а да ја враќаш преку Делко, тоа особено ќе внимаваш , имаш опција home и dropoff return, но подобро ти е ако си од градот да го однесеш самата пакетот директно во каргото, бидејќи на домашна адреса може и неколку дена да чекаш додека да ја подигне курирот . Не се плаќа ништо, кога пополнуваш враќање внесуваш трансакциска сметка и таму ти ги праќаат парите , неколку дена се чека додека да стигне пратката во продавницата, па уште неколку дена додека да одобрат рефундација, па после уште неколку дена додека да ти стигнат на сметка , се вкупно околу 10 дена до сега јас сум чекала и тоа е тоа.Ако имаш уште нешто , слободно
Како изгледа таа етикета ќе може да ми објасниш подетално? Ми стигна на меил дека враќањето е прифатено,во рок од 24-48 ќе дојде курир да ја земе пратката(дека штиклирав од дома да ја земат по грешка али нмв.) и само артиклите стојат што сакам да ги вратам. Ова ќе треба да го испечатам или?
Како што има на кутијата етикета со бар код и податоци, таква треба да ти пратат на маил , провери мора да има.
Проверив само ова ми го пратоја што го пишав,сигурно ќе пратат утре таква етикета, ако не ќе ја однесам до продавница и тоа е тоа. Ти благодарам многу
Си штиклирала да подигнат од дома, затоа не ти стигнала никаква етикета што треба да ја залепиш. Не може да ја вратиш во продавница, зашто веќе си поднела барање за враќање. Ќе ти се јаве курир, сум чекала 3-4 дена некогаш, доколку поминат повеќе дена пиши им на чет, ќе проверат што е работата.
Ја спакував во пакувањето, и сметката ја ставив и тоа е тоа? Нема потреба од ништо друго? Се плашам да не ми ја примат таква, ама читав и на страната за вракање од дома ништо не пишуваше.
Не е точно, нема врска што веќе си побарала онлајн барање за враќање, можеш ако сакаш да ја вратиш во продавница директно, така сум правела двапати сум барала онлајн враќање а на крај отидов и ги вратив директно во продавница.
Вака сега сакам да ги вратам фармерките што ги порачав од Зара ама јас ги нарачав како гостин односно без акаунт. Е сега им пишав и тие ми рекоа во мејлот што сум го добила за потврдување на нарачката има линк за враќање на продуктот арно ама јас не го гледам линкот. Прашањето ми е дали ако отидам таму ќе ми помогнат или пак знаете каде е тој линк за потполнување дека сакаш да вратиш нарачка?
Ама јас немам фискална сметка, плаќав онлајн и во странство сум. Можеби мислиш на таа етикетата што е залепена за ќесата со податоци.