Дали ако веќе имам порачано нешто и не ми е испорачано и сега порачам друго пак ке ми се наплати транспорт одново
Здраво дечки. За поврат на сретства бараат нешто трансакција? Бидејќи плаќав во готовина, а сметката нигде не ми ја побараа и сега не знам како ќе ми ги вратат парите, а пратките веќе им се вратени.
Дали производите им се сите онлајн или може во продавница да имаат повеќе избор и модели и броеви, сте приметиле?
Ја враќаат назад, мене ме имаат прашано само поради која причина не ја подигнувам, зашто веројатно они им тражат.
Ве молам за мислење. Врстив праткс,во формуларот внесов трансакциска, курирот го зема продуктот и сеуште не ми легнаа парите на сметка,а поминаа 14 дена. Каде да се обратам? На сајтот вика да ја контактирам банката???
Благодарам за сугестијата, но не сум од Скопје, не ми е исплатливо лично да одам,башка рефундации не верувам дека вршат од продавница..а број од сметководство каде да најдам?
Не реков дека вршат од продавница туку да проверат во систем каде е грешката. Контактирај ги на мејл или пиши им на чет.
Мене за замена на чат ми враќале одма, е сега ваљда во работно време преку недела беше. Ама пиши им таму мислам дека ќе средат. Ова да ја контактираш банката да не е за да проверат дали легнале, сигурно си проверила електронски, така да барај ги зара да проверат дали се пуштени.
Ми пишаа вчера на чет и дури вчера добив мејл за потврдена рефундација,нагласија да ги очекувам парите во следните 14 дена ... А веќе поминаа толку. Отпосле видов на фб дека Хелоу пост отишле во стечај и се направил хаос со пратките,а токму преку нив ми извршија превземање на пратката... Веројатно тоа е проблемот