Мојата претпоставка беше дека ја пратиле од нашава Зара, ама ми ја шетаат по карго пет дена. Како и да е ми стигна денес.
Може некако да се откаже нарачка? Порачав сабајлево еден производ по нормална цена но вечерва објавиле попусти за црн петок и истиот е многу поевтин па затоа сакам да ја откажам таа нарачка и утре да направам нова.
Хммм за жал не гледам никаде таква опција. Иначе преку веб сајтот порачав. Статусот е дека нарачката е во тек.
Нема нема, дури ни адреса не дава да се смени во оваа фаза. Мислам дека таа опција ја имаше одма кога ја нарачав, ама после се изгуби? Некоја друга опција? Да нарачам утре уште една па едната да не ја зимам од курирот ако може да ја врати? Последна опција е уште една да нарачам, само што ќе треба и двете да ги платам па едната да ја вратам у дуќан па да ми вратат пари. Или па можам некако да ги контактирам за да ја откажат они?
Најдобро е да ја вратиш кога ке ти стигне во дуќан чим не ти дава да ја откажеш значи веке ја пратиле пратката
Не ми се верува дека ја пратиле, ама како и да е не постои веќе опцијата за откажување. Смешно е што ќе треба двете да ги платам па после да ја враќам едната.
Провери на маилот шо ти стига дали има опција да кликниш за измени, онај шо пиши Thank you for your purchase. Ако ти стигнал и втор маил после него кај шо вели дека е веќе пратена тогаш мислам неможи откажвање.
Во мејлот само има копче за следење на пратката, нема никаква опција за измена. Дали има некаква опција курирот да ја врати без да ја платам?
Не ја откажувај нарчката бидејќи производот што е со намалена цена може да го нема на залиха и во првата секунда од започнување на попустот.Доколку успееш да го нарачаш ќе го вратеш овој што е купен по редовна цена.
Дали ако не ми се погоди точен број при нарачување од апликацијата сега за попустот би можела некој нареден ден да извршам замена за бројче во бутик директно по истата цена, или ќе ми ја доплатат редовната цена тогаш?
Мислам дека редовната ако е истиот производ , бидејќи попустот е само до утревечер, затоа нарачај си ги двете бројчиња па едното ќе го вратиш така ти е најдобро.
Taman da naracam cizmi sto mi stoeja vo korpa vo 21:05 ash gi snema Na web stranata mozno e da gi ima? Ili isto e?