Da odam do siti mol ako ne epten mi e krivo gi probuvav pred nekoj den cizmive, ama znaev deka ke gi namalat i zatoa ne gi zedov i sega da ostanam bez niv
Ако сакаш оди до city mall па извести ме мене повратно како е таму, дали вреди да отидам после работа
Овие две јакни ги нарачав , ја има некој таа зимската, дали е дебела и добра за зимата? Таа кожната ми стои добра ми се допаѓа материјалот како мазна кожа е, ако ја има некој и неа нека сподели каква е во живо. Инаку , зошто толку многу се чека, датум на достава ми е 15 декември ,а претходната нарачка 9 декември , обично за една недела стигаат кога нарачувам петок , сабота ги праќаат. Ова ми е прв пат да нарачувам на black friday , обично по колку време се чека ?
Вчера бев во Зара ( иста е гардеробата) на цени од 59,49€ имаше попуст на неубави парчиња барем за мене. А тоа што е убаво е скапо, на цените лепени други цени. Една кошула да е 40€. Секако ништо не бендисав, мајка ми еден фустан со кратки ракави зеде. Ме разочараа лани имаше повеќе попуст на сите парчиња.
Он лајн јас не успеав ништо да нарачам. Се беше недеостапно во кошничка. Отидов вчера рано и си купив. Само за мене. За бебка не успеав, немаше на лице место. Може дека рано а и претходниот ден бев во извидница па знаев кое каде стои. попустот он лајн знам дека заврши, а во продавница?
Капутот што го сакав на чудесен начин го "снема", баш во минутата кога почна попустот и исто така на чудесен начин денес се појави по старата цена... Е па не го купувам!
Јас успеав се да си нарачам, и скоро сѐ што беше пристигнува наскоро , секој час го имаше повторно на залиха само многу брзо се трошеше.
Уште пред да почне попустот на апликацијата ми беше ставен во кошница капутот и воедно беше достапен во сите можни величини. Во истиот час кога се отвори апликацијата се вклучив, веднаш беше out of stock и никогаш не се врати.
Можи, само што сега дека имаше попуст па имаат повеќе нарачки голема е веројатноста да ти стигни точно на датум, мене кога нема попуст ми стигало неколку дена порано од означениот датум
Мене ми стигна за 5 дена, прв пат ова се случува, баш се израдував. Немора да значи дека толку многу ќе помине
Дали некој ја доби нарачката од блек фрајдеј и дали имате фискална сметка? Ми стигна прееска мн.брзо се изненадив, но без фискална сметка! Курирот вика прашај во зара.
Кога ти беше датумот на испорака ? Ако ти била испратена во сабота , затоа денеска ти стигнала , мојата е испратена вчера, така да мислам дека во понеделник ќе ја добијам , а датум на достава ми е 14 декември . Инаку до сега секогаш сум добивала фискални сметки во плико на страната од кутијата има.
Мене сеуште не ми е стигната, а гледам и дека не е мрдната на линкот каде што може да се следи нарачката. Се прашувам дали е се во ред…. Сметка може дупликат да си извадиш во ујп или да си пријавиш во Зара прво Мене 2ри Декември ми пишува датум на достава….нема ништо сменето статус