Нарачав нешто што е на попуст и треба да ми стигне следната недела. Дали ако веќе не трае попустот ќе ми се рачуна од денот кога сум го нарачала (со попуст)?
Сега за сега немаат ништо објавено, во годините наназад секогаш имало попуст. Се надевам на цела колекција ќе имаат попуст.
Јас имам рамни кожни и супер се. Купувале и другарки и добро изгледаат и имаат солиден квалитет. Имам и патики од таму и се супер. Мислам дека нема да згрешиш ако земеш, а посебно ако се покласичен модел. Кај класичните модели не се штеди толку на изработка и квалитет отколку на пример кај некои со повеќе детали. Манго според мене се класа поквалитетни, ако ти вреди споредбава, ама и Зара не се лоши посебно за цена на попуст.
Од сите продавници во city mall коишто се првенствено за облека( zara, mango, bershka....) не очекувај преквалитет за обувки. Единсвено од massimo чизми што имам купено се покажале како квалитетни и издржливи, кожа и од надвор и внатре.
Имаат попусти почнувајќи од утре на апликацијата (од 20 часот) и на веб сајт (од 21 часот), а во продавниците во петок. До -40% попуст.
Не се мачете да нарачувате, чекам нарачка од 15ти со краен рок 25ти, на 100км од Скопје. Вчера на тракинг стоеше дека курир ја земал пратката(значи не од скопје туку овде) - океј си викам значи денес утре ќе ми ја донесе. Денес по поминатиот рок ми стига меил благодатиме за нарачката работиме да ви ја доставиме најбрзо што може. Отварам тракинг нема никаква информација, претходната е избришана. Толку сум исфрустрирана што ми се иде да запалам кола да одам да се карам. Не е до Еко Логистик нарачки преку нив испратени ми стигаат за еден ден. Буквално со ниту една друга онлајн продавница ми се нема десено, Фешнгруп се професионални, Анабела, Лаш буквално немам чекано пд никој толку. Да напоменам одбрав производи достапни во Скопје зашто не сакав да чекам за достава од Шпанија. Never again.
Ги разгледував стварите што се на попуст на апликацијата и ретко што ми фати око. Не знам дали е до мене ама порано зара имаше многу поубав избор а и квалитет. Имам маички, џемпери и други ствари од пред 10 години што уште ги носам по дома. Има кожни јакни две по 1490 денари, ама ептен се кратки во продавница ги гледав. Сакам половината да ми ја покрие Во wish list ставив по некој oversized дукс и џемпер, едни фармерки и ќе подразмислам до после дали ќе земам нешто. Најверојатно не.
Сте нарачале ли онлајн а да платите со гифт кард?! Пробувам ама ми вика невалидна картичка Го скенира бар кодот на гифт картичката и внесувам cvv И ми вика невалидна А имам салдо на неа... Не можело да се плати со гифт кард онлајн. Само во продавница. Мизерија невидена. Во продавнцата само партали има ништо не ми се свиѓа!!!
Денес направив прва нарачка, најмногу ми беше за капутот, а успат уште неколку работи кои не дека ми се нешто потребни. Екологистик ја врши доставата?
Направив прва онлајн нарачка од Зара во четвртокот пред Black Friday и денес ми стигна, а на мејлот ми стоеше дека ќе ми стигне од 4-10 декември. Искрено јас сум пријатно изненадена, многу брза достава.
И јас порачав и стварно мнг брзо ми ја донесоа пратката. Искрено мене лично повеќе вака ми одговара да купувам ( повеќе од 200 денари ме кошта идење до трговскиот (такси) и воопшто не сакам гужви, мислам дека мнг непотребно време се троши) Сепак признавам дека си има забава шетањето по трговски центри ама вака повеќе внимавам на здравјето и како ги трошам парите