Од кога Пост Експрес носат нивни пратки ? Еко Логистик секогаш ми вршат достава или ова нешто ептен ново со Пост Експрес ?
Имаш опција да бираш или? Јас имав нарачка на 25.22.2022, пред оваа, негде во Јули и тогаш Делко ми ја доставија. Не знам од кога доставуваат Пост Експрес, ама знам дека се катастрофа и ради тоа не знам вечер дали да си нарачам. Попустот важи и во продавниците?
Не знам како навистина…би сакала друг да ми носи, за блек фрајдеј во Ноември, они ми доставија и искинав живци
Бегај од Пост Експрес не ти треба нервоза, мислам попустите и во продавниците важат, од каде сега Пост Експрес пред месец и нешто Еко Логистик ми вршеа достава.
Мислам дека имаше опција за да избериш достава која ја сакаш ама повеќе нема, последните нарачки ми ги доставува еко логистик и не ми се допаѓа воопшто бидејќи претходниот пат не можеа да ја најдат кутијата во магацинот, беа расфрлани низ цела канцеларија и вработената не сакаше да стани да ја побара и ми рече немаме пратки од зара… и викам еве ги пратките од зара тука ми е имам порака дека е тука и ми вика сигурна си дека тука ти е одвај стана со триста маки и ја побара кутијата како со сила да ја терам и ја најде нормално зошто нема друга база на еко логистик во нашиот град… Потоа следниот ден која се вклучив на тракингот за пратката пишуваше дека пратката е предадена на курир за достава дури другиот ден ја пишаа дека е земена пратката
Затоа и се двоумам дали да пуштам нарачка вечер. Многу бев нервозна,менаџерката во сити мол ми рече да се обратам на чет на самата апликација. Не знам од каде со нив направиле договор…јас сум малерот Страшно! Мене од Пост вработената што ми се јави, ми се издиша така убаво на телефон и ми вика “девојче, во главниот магацин накај визбегово ти е изгледа пратката, не знам” и тоа беше се, повеќе никогаш не ги добив на ни еден број. Недостапни 24/7
Ако сакаш нарачај само биди сигурна 99% ќе си имаш нерви, многу лоши искуства лично имам со нив. Јас да знам нешто преку нив со сигурност да оди не би нарачала, ти си знаеш.
Не знам за кој град зборувате али за Битола еко логистик се супер, понекогаш и ден пред да ја дадат на курир ми се јавуваат дека имам пратка и дека другиот ден ќе ме побара курир. Ептен коректни, до пред некое време беа катастрофа, сега позитивно ме изненадија. Од зара пред месец ми доставија и Пост и Екологистик. Нема опција да бираш преку која сакаш
Јас ништо не нарачав од кошница, се ми тргнале…similar products/coming soon. До пред саат време се ми беше достапно од тоа што ставив во кошница
Пријатно сум изненадена, очекував како и секогаш да се разочарам кога ќе ја пуштат апликацијата у употреба. Само два пара панталони не беа достапни, другото све си нарачав, може на раат да си легнам сеа.