Прв пат ја отворам нивнава он лајн страна . Леле ама високи цениве,скроз се занеле.Обични плетени џембери 3000/4000ден . Никогаш нешто посебно не ми била оваа марка,секогаш сум испаѓала од нивна продавница со празни раце.
А на новата колекција ќе има попусти? Јакните што ги бендисав се од новата и ниедна од нив не е намалена.
Зависи што е, ако е капут и е oversized секогаш земам еден број помал затоа што се навистина широки, нарачав s на oversized капут, ми беше како за m
Да ама тогаш потешко да го има на залиха тоа што е поубаво и по квалитетно, летово нарачував кога беше третиот круг , после 15 јули , фармерки 399 катастрофа квалитет со скината гајка ми ги пратиле, еднаш да ги испереш цели ќе избледат,корсетите кои беа по 280 ден никаков сатен кој се куби , еден друг што нарачав на ништо не личеше , единствено ребрестиот материјал им е квалитетен, кожата им е катастрофа дури и на попуст не би купила , едните кожни ги земав за black friday по едно носење испукаа барем ми ги вратија парите, други што ги земав лани малку подобри но веќе почнаа да се уништуваат а не се носени многу, искрено квалитетот им е лош, а има навистина модерни парчиња, имам и други кожни работи кои не се од таму , па никаде не се испукани. Така да не се залажувајте, 70% попуст во глобала ставаат на најлошите парчиња (на квалитетот мислам) и поретко нешто што е убаво да го има сеуште на залиха.
Знам. Јас пред година и пол едно меко боди земав за 3€ со гол грб и долги ракави. Го износев сезонава, мекичко и убаво ептен. Така да, таму после 15ти Јануари асален попуст.
Немам такво искуство. Јакна што беше 3990 јас ја земав лани на 20 јануари ,1200 ден. 3 пара фармерки по 599 и 2 капута по 990 од последниот круг топ се погодија. Истите артикли што и сега се продаваат ќе бидат на многу пониска цена. Е тешко се фаќаат,но има во тек на денот дополнувања. Еве после 15 јануари лани
Како да не ,лани најскапиот и најубавиот капут беше на 70%.Со оглед на тоа дека овој пат скоро се остана на залиха истото за 2-3 недели ке биде на уште поголем попуст.5 артикли имам од вчера во корпа и си седат нечепнати.На најголемиот попуст купив мн убава ташна,црн капут без ракави (дебел) ,фармерки, фармерско палто.
Знам дека ги враќаат само треба стално да се проверува , незнам дали да ја откажам нарачката , да не ги снема до 15 јануари .
Лелеее и јас го скапав чекање зеленото палто и никако не ми излезе бројче лани. Баш е убаво. Иначе и на попуст имаат доста убави работи капутот што го зедов на black friday е преубав само што тогаш цената му беше 2700 и беше само кремовиот намален И минатата година маички, џемпери за ептен ниска цена па се изнаносив.