Прашање е дали ќе има избор на величини после 15ти јануари Влези во нарачката, па во опшнс, па кенсл На тие што пишува coming soon,пристигнале стварно во понудата и со тие цени и лага е?
Сакаш да кажеш дека ќе има и бројчиња се уште после две недели? Сега капутот од 160 ев го намалиле на 110. Да почекам уште ако не? Вика само м и с броеви има. Јас се мислам М, ама да не го снема. И кој купува 160 е капут од Зара не знам.
Враќаат да ама да дремеш 24/7 на апп по 1,2 парчиња се од едно бројче и така се ако чекаме ќе плаќаме достава и на крај каков ќе е тој попуст, а во продавница кога е од 50 до 70% намалено многу се уништени производите кое скинато кое искубено, онлајн си е подобро барем од магацин ги праќаат.
Направив нарачка пред попустот. На линкот за следење стои дека е доставено. На апликацијата дека е кај курир. Јас немам добиено ништо. Треба некој да контактирам?
Како да пролонгирам нарачка? На тој датум не сме тука Да. Нема ништо во ист гејт вчера бев , се уништено, а онлајн преубави работи нарачав. 250 достава премногу е . Дека на попуст биле стварите, нема бесплатна Ама ај .
Мене секогаш на датумот или следен ден потоа ми ја носат. Како и да е нема да ми одговара таа цела недела не сме тука
Нема ништо а? Јас се мислев да одам после 5 јануари кога ќе има поголемо намаление, миз другите продавници како е? Знам дека многу работи им се многу лош квалитет особено веќе 3 круг кога намалуваат , повеќето работи се или уништени или нема броеви или се некои партали само има останато. И јас нарачав онлајн убави работи .
Исто, не можеш да најдеш и сам не за знаеш што бараш , а веќе кога е третиот круг најубавите работи се искупени а останати се само уништените и оние кои не се толку убави, а на апп може да се начекаат и барем знаеш не е пробувано.
Исто и кај мене ама не очекувам дека ќе биде следна недела доставата. Празници ова она мислам пак ќе фати 9 ти. Згрешив еве дојдоа☺️
Мене денес ми се јавија за да ми ја донесат пратката....во понеделникот ја направив порачката. Брзо вистина.