Јас маста и ја извадив. Само "крзното" од капата го извадив. Е малтретирање ми е одењето на хемиско и земањето, страв ми е дома да ја перам да не се соберат пердувите на едно место топки да ми направи.
Прв пат ќе порачувам преку апликацијата и не сум сигурна дали ќе ми бидат точни алиштата. Како е процедурата за враќање? Може само замена или враќаат пари? Во продавница или по карго?
Мислиш на вештачки велур? И јас нарачав таква ми стигна пред неколку дена на поглед изгледа квалитетно за разлика од вештачката кожа која им е очајна , исто и сатенот како што имам кажано и погоре , а за велурот незнам прв пат нарачав па ке видам , ама мислам дека ме треба да се куби овој материјал , но секако ако после неколку носења ептен многу се уништи враќаат средства не се секирај .
Пак јас Имам ваков модел сигурно има 3-4 години и не е ни искубан ни излижан на ракавите пример (ама објаснив).
дали некој ги има видено овие чизми во продавница и дали бојата му е кртова сива како во описот? Мене не ми изгледаат како сиви шо знам :/
Дали некогаш парфемите се на попуст? Секогаш редовната цена им ја пишува, дури и кога сум прашала таму дали се на попуст и ми рекле дека се.
Девојки, Што правите во случај да добиете некомплетна нарачка, а притоа истата во целост сте ја платиле? Ми фалат две работи,а поштено си ги платив. Сега кај да се оправам, кај да им пишам? Пратката не е разделена,во целост ја испраќаат,не е во два дела,па да чекам дополнително да ја пратат.
Пиши им на страната имаат дел за разговор со агент...јас имав проблем вчера, ми имаа пратено погрешна фискална сметка а планирав да враќам нешто, одма ме услужија