Како ја пишувате трансакциската на Тутунска/НЛБ кога враќате нешто онлајн? Дали во овој формат 210-хххххх-х... или без празни места?
А како купувате со картичка преку апликацијата? Јас кога и да сакам да пробам не ми дава, туку бара гифт кард, а можам само во готово да платам при подигање. Кажете ми кога враќате нешто, а сте нарачале онлајн, може и во двете продавници да се врати и во Сити мол и Ист гејт или само од таму од каде што е пратено и означено на самата фискална?
Нема опција за онлајн плаќање. А, за враќање сум враќала на двете места, не сум ни обрнала внимание до сега од каде е фискалната.
Здраво дечки, знам дека темата не е за тука, но ми треба помош. Имам изгубено (заборавено во кабина) лична работа во Зара(се работи за мантил-лекарски). Дали постои шанса да ги чуваат работите, доколку некој не го зел нормално?
Секако ги чуваат, а да го земе некој , не верувам бидејќи на камерите се гледа сѐ, секако ако памтиш во која кабина си била и во колку часот.
Дали некој приметил од овие бунди да се појави број? Ги чекам цело време пишува coming soon а никојпат не сум начекала број.
За хс и с стои coming soon но стварно за многу брзо ги снемува сите работи, не само бундава, буквално прзи прсти е и дали ќе имаш среќа да го зграбиш парчето. Може треба и во продавниците да провериш може за твоја среќа да има останато некое бројче ама знам дека сега е лудница таму, непрегледно и расфрлано.Ова со онлајн шопингов е рај само мана му е што на попуст ненормално брзо се трошат залихите.
Зошто не ми дава да селектирам производи за враќање знае некој? И како се враќаат во продавница бидејќи прв пат сакам да вратам нешто?
Во продавница одиш на каса со производот и фискалната сметка и им кажуваш на вработениот или вработената дека сакаш да го вратиш. Ќе ти ги вратат парите.
Имав направено две посебни порачки во ист ден, сега гледам дека едната е пратена, другата не. Ме чуди зошто не е пратена другата, или пак чекаат да им стигне од друга држава. Порачано пред 2 дена и одма испратена во карго, ептен брзо.
Знаете ли дали враќаат на месинџер ако им пишеш на официјалната страна на Zara care?Сакам да ја откажам нарачката што е веќе пратена. Или не е можно тоа чим ја пратиле? Праат ли проблем ако не подигнеш пратка?
И јас имам направено две посебни нарачки со разлика од 15тина минути измеѓу и ми стигнаа двете во различен ден.
Враќаат, ако е пратена не може да се откаже, само не мораш да ја подигнеш ако не сакаш и може да си нарачаш пак , ќе ти пратат без разлика што не си ја подигнала другата.
Здраво, два дена ја отворам апликацијата и го нема знакчето кошничка, ниту пак ја има опцијата додади. Дали на некој му се има случено ова?
Има убави вентијаги за добра цена, сега се 2 пат намалени, ставајте си ги во favourites и често провервајте можеби ќе си начекате ваше бројче