Производот може да го вратиш со фискална сметка, ќе ти ги вратат парите, па потоа можеш да си го најдеш точното бројче и да го купиш.
Мислев дека во Скопје доставуваат само преку Елс. Едната пратка преку Елс, другата преку Пост експрес, а кога нарачуваш нема опција преку кое карго сакаш туку како ќе им текне така испраќаат.
Ќе има уште. Скоро сите работи на 70%, а јакни капути 80% 90%. Само тогаш многу работи се out of stock, и ако ги вратат по едно бројче две треба да дремеш на апп цело време и буквално по едно парче ако начекаш да нарачаш и за секое 250 ден.достава. А од искуство во продавница последната недела од попустот многу работи се уништени од пробување. Ми пишува на апп дека на 25ти ќе ми пристигне нарачката, а денес е подигната што значи дека деновиве ќе ми пристигне, а јас не сум дома и нема да можам да ја подигнам. Дали би ми ка чувале до тогаш или ќе ми ја вратат?
Е ако де па и нека е 250 за доставата ако стварно се толкави попустите, секако се исплати. А на сите ли јакни од сезонава? Имаше едни што многу ми се свиѓаа, којзнае дали ќе иам среќа да ги начекам со поволна цена. Затоа поарно е онлајн да се порача, нели директно од магацин ги носеле.Бев пред некој ден у Зара, може да се пронајде нешто од објавеното ама толку е гужва, расфрлено и непрегледно, ужас. И како што викаш големи се шансите да се оштетени работите, не секој внимава и е педантен. Вака ќе напраиш, ќе им пишеш на Еко логистик или Пост експрес зависи кој доставува, дали на броевите што им се од магацините или пак директно на курирот кога ќе те бара.Јас така направив и без проблем ми рекоа дека ќе ја чуваат и ќе ме бараат тогаш кога ми одговара. Нели на сајтот на Зара има дел што е за тракинг, кликни на тоа и ќе те пренасочи на сајтот на курирската служба, напрај скрин и прати им за да видат за која пратка станува збор. И другпат така сум одложувала достава па ми излегле во пресрет.
Ги има ли некоја панталониве да ми каже дали се многу тесни кај кукот и задникот? Многу ми се допаѓаат, за лето се топ.
Одлична е, не е многу голема како што изгледа на сликата ама за телефон марамчиња кармин клучеви ќе собере , материјалот е квалитетен мислам дека нема да ја вратам, една што нарачав лани се разочарав лошо беше сошиена и не беше толку квалитетен материјал , беше од 1600 на 800, а оваа сега од 2700 на 1300 , воглавно колку пари толку музика , ама не секогаш , има и исклучоци.
Ја порачав кафеавата или поточно кажано камел боја. Само кај нас се 700-800 денари една. Ја сакав двете и црна ама се премислив. Таква мала барав гледам речиси сите ги носат. Со здравје да си ја носиш.
Ти благодарам, исто и ти. Да , мала е и мене ми се допаѓа повеќе мала ем не изгледа толку нападно кога ќе ја ставиш преку рамо , ем одговара за повеќе пригоди и секојдневно и за по свечено . Ми требаше и мене ваква чанта, има и други убави ама ќе чекам да ги намалат уште ,лани беа по 400 ден , а оваа ја нарачав бидејќи секако ќе ја нема ако падне под 1000 ден , ама и за 1300 ден вреди ако е квалитетна како што изгледа. Мислам дека ќе ти се допадне материјалот , изгледа како вистинска кожа да е. П.с видов дека во Грција е 13 евра, ама ја нема црната во Солун , само во Ламиа, е сега колку се точни информациите ќе видам утре што има.
Здраво сакам да прашам дали може да порачам чизми од зара, а пишува дека мојата големина ја нема во Скопје? Дали ако направам порачка ќе ми стаса на адреса од некоја друга држава? Дали доколку не одговара бројот ги враќаат парите назад и после колку дена од превземаната пратка може да се врати? Дали доставата се плаќа или е безплатна? Фала многу