Можиш да порачаш ако се достапни во твоја големина на апликацијата, не мора да ги има во Скопје, од таму кај што ги има ќе ги пуштат. Ако не одговара бројот ќе си кликниш на апликацијата дека го враќаш производот не знам дали беше во рок од 15 или 30 дена, ќе кажиш дали ти ќе ги однесиш во карго или тие да дојдат да ги земат.Доставата ќе си видиш сама мислам над 2500(регуларна цена) не се плаќа, ако е на попуст се плаќа 250, и ако е под 2500(регуларна цена) се плаќа 250. Се ти е објаснето на апликацијата
Имаат ли Зара бројчиња 14-15 за девојчиња? Вака како што гледам онлајн повеќето работи 13-14 им одат ….
Изгледа им се до 13-14 во детскиот дел но се зависи до моделот.Им пишува дека се за околу 164цм висина но ако девојчето е покрупно и повисоко тогаш нема да одговара. А има и возрасни девојки кои се слабички и ситни што купуваат од детскиот дел. Инаку има и димензии на сајтот, само што реално не секогаш им се точни, како што реков се зависи до моделот, а и материјалот.
Мислам дека се до 14 немаат над то, е сега зависи што сакаш да им земеш, ако се фармерки не ти препорачвам, али блуза, јакна би требало да им е точно, не им се баш мали бројките, ако не ти се ризикува подобро земи директно од продавница друго е кога ќе го видиш друго е вака порачано
Уште едно прашање дали може да порачам повише работи од 500 денари и вкупниот износ надминува 2500 каргото е безплатно или пак за секој 500 денари се плака карго?
Ако работите се со попуст каргото ти е 250 без разлика на сумата, ако нарачваш работи поединечно пак ти е 250 ако е на попуст или под 2500 регуларна цена, ако еднаш си ја потврдила нарачката, и сега пак сакаш да допорачаш нешто пак ќе си платиш карго
Мислам дека можеш и во продавница да вратиш. Баш вчера една пред мене на каса враќаше. И јас еднаш нарачував еспадрили од кај нив од продавницата ми рекоа ако не одговара бројот можам кај нив да вратам во продавница
За колку време ги праќаат порачките? Ми пишува дата ама ме чуди,лани кога порачував одма истиот ден беше достапна за подигање од продавница, а сега чекам. Веројатно од други места ги собираат.
Ако ги праќаат од кај нас брзо стигаат за ден два, а ако од друга држава, се чека но сигурно нема да чекаш повеќе од наведениот рок, освен ако ептен се во гужви. А пратена е, ти стигна ли мејл? И кога е преземена од курир стига пак мејл. Значи три мејлови пуштаат, кога е потврдено купувањето, кога ќе ја испратат и последниот кога курирот веќе ја земал и чекаш да се достави.
Не знам зошто не стасало, обично одма стига автоматски. Побарај во спам или во промоции можеби е. Ќе стигне пратката чим така дава на апликацијата, следи таму.
Ко ќе пишува пристигнува наскоро колку скоро е тоа? Ден два? И дали капутите се квалитетни или џабе чекам да стигни? Јакна порачав па ќе видам што квалитет ќе биди
За два-три дена обично доаѓа. За капутите не знам што квалитет се, вака како модел ми се гледаат добри.
Има и квалитетни и неквалитетни. И јакни и капути. Два капути порачани во исто време, едниот е како нов, другиот како 10 години да го носам. Јакна од едно перење ми се направи партал, друга е перена 10 пати дека бела и ја нема да мрдне.