Зависи дали се еластични и растегливи и колкав процент на ликра имаат. Но за секој случај можеш и поголем број и онака нема голема разлика меѓу два броја. Јас на пример, пробував класични панталони мојот број и малку потесни ми беа, затоа еден број поголем,а фармерки немам сега брзо зимано. Се зависи до кројот. Сепак треба да ти се удобни, не да те стегаат.
И како обично идат броевите на фармерки кај нив? За панталони што викаа дека поголем калап биле, баш пробував едни и тесни беа, а моето бројче. Ваљда до моделот е. Почнуваа од 34 до 46, ама реално се како 32-44.Можеби и за фармерките е така. Во Страдивариус најпогодени ми се и модел и материјал и величини. Како може за облека човече да варирам толку, од С до Л... Да се чуди човек.Инаку обично М носам, а некогаш ми пасуваат и тие бројчиња. Еднаш влегов дури во ХС јакна на Зара првпат у живот ама добро беше оверсајз комотен модел. Тие што се за ХС би пропаднале во неа.
@Mrs. right нема стандард. Различни се калапите, за фармерки стварно не знам да ти кажам како им се бројките, тоа не нарачвам некако подобро ми е да ги пробам, а за маички, блузи мене ми е погодено S од зара, и тоа посам, а за јакни мора да видиш дали е oversize ако е тогаш и xs ќе ти биди таман, не знам некако пошироки модели им се јакните и капутите
Удобен ли е падот на штиклите? Ептен ми запнаа за око едни класични салонки, ама никогаш немам пробано високи потпетици од нив, а и онака не носам често, па да не ми ги утепаат нозете
Имате забележано кое време отприлика прават restock на апликацијата? Порано дремев цело време и знам дека во одреден саат многу производи се достапни.
Мислам дека сабајле, 6-10 часот највеќе работи биле достапни или барем тогаш кога разгледував така се погоди. Се изненадив колку различни величини беа достапни од различни модели. А мене омилената јакна ми со поволна цена ама out of stock ко по обичај.
Сега бев во Зара - боже ко бомба да паднала. Уште трае попустот, сега ја земав едната пратка ама мејловите многу ми каснат.