Да и јас 38 сум, има и панталони широки, има и што си одговараат на величината, се е до моделот, зависи. Мене ми е блиску Сити мол ама па вака ми е поубаво кога нарачувам онлајн, прегледно и лесно ќе го најдеш тоа што ти треба. Супер што се прекоректни и фискална даваат и пари враќаат. Пример како треба да се работи.
@Mrs. right Може и во продавницата да им ја покажеш сликата, односно кодот од парчето кое го бараш и би требало да ти помогнат веднаш да го најдеш (во случај да не талкаш и губиш време или ако не го најдеш)
Сакам да порачам од Зара производи. Гледам достапни се кај нас, само што нешто е во сити мол нешто во ист гејт. За колку дена стигаат? Исто ми кажувале дека често праќаат некомплетна порачка, и се што порачуваат не стигало, дали предвреме известуваат за тоа, затоа што имам комбинации и не сакам да стигне нешто и да барам пак комбинација?
@tanjaaa Од мое лично искуство, уште веднаш при правењето на нарачката, автоматски си известена доколку некое парче во меѓувреме стане недостапно. Но, претежно ако не е достапно (достапна величината), не ни може да го нарачаш (не можеш да кликнеш на бројчето). Околу временскиот период, мене ми пристигнува за 1 недела. Претходно пристигнуваше од Гвадалахара, сега од Полска. Искрено, првпат слушам да стасало некому некомплетна нарачка. Не ми е логично како При порачувањето од Фешн Груп/Магнетик вообичаено праќаат од Скопје и може да се случи да ја поделат нарачката. Или отпосле те известуваат за недостапноста.
@Polyincognito фала ти многу. Ете сега пробував стварно не можи. Ух што ми е криво. Пишува достапни кога кликаш за нарачка замрзнато бројчето.
@tanjaaa Исто од искуство, во последно време почесто им се менува достапноста на величините. Па може денес да го пишува дека го нема, а утре да го има. Баш есента кога нарачував јакна, величините се менуваа нон стоп, но почесто отварав и успеав да го фатам кога беше достапно Исто и сега пред 2 недели, нарачував блуза и додека бирав и други работи, ја снемало величината. Па после пола саат беше достапна и си ја нарачав
@Polyincognito Ете си одбрав уште 2-3 парчиња за комбинации, па со маж ми да се консултирам утре. За него и за син ми е порачката па да се усогласени Инаку тој денес беше во ист гејт па пробал, ама друга боја. Од бојата што ја сака и ним им вадело дека ја има, ама нигде не можеле да ја најдат. И не стигна до сити мол (таму имало) , па ајде вака да пробаме. Од детските ми вади дека има уште еден број, па најверојатно поради тоа не можам да нарачам
Можеби мислеле на тоа дека ја делат потачката ма два дела и стигаат во различен период. Последнава така ми стигна. Стига се што ке порачаш. Ако ти даде да порачаш значи го имаат. До сега многу порачки направив и ако пишувало дека го има стига.
Да те прашам дали ако ја поделат порачката се плаќа два пати карго или вториот пат само износот на производот што не е доставен првиот пат? И претпоставувам дека праќаат известување кога вака ја делат на два дела.
@Cosmi Пробав да го најдам, ама неуспешно. Но, вака по составот, значи одоздола е памучна растеглива постава, а одозгора тенко плетено. Тоа 'pointelle' означува дека е плетка со мали дупчиња која на фустанот му дава чипкаст ефект. Зумирано, материјалот одозгора ми изгледа идентично како џемперчињата т.е меко. А бојата си е таа т.е претежно сите други бои едно се на каталогот, друго во живо, освен црната и белата
Се случува да ги поделат пратките зависно каде им се наоѓа парчето на залиха. Информација за поделбата добиваш веднаш штом нарачката се процесира и си стои Pаrt 1, Part 2. Може и да се провери кои парчиња се во која пратка и истата да се следи и сумата се плаќа одделно.
@cooll Пред година дена се беа од Гвадалахара и ми пристигнуваа за околу 20 дена, сега од Полска за 1 недела. Секогаш ќе ти го даде предвидениот датум кога ќе стаса и секогаш е така, барем кај мене
Девојки, ви се случило ли некогаш со кутијата да не ви дадат фискална сметка? Во брзање отворив не ни помислив на пликото со сметката, после ми текна но на кутијата нема ни плико ни сметка.. Прв пат ми се случува вака од Зара. Работите се во ред, немам потреба од замена но сепак секогаш даваат, баш се зачудив. Секако имам фактура на мејл ама фискална сакам. Дали треба да им се пише мејл или пак ако идам во продавницата би ми ја дале?