@Mrs. right мене ми се има случено да не ми пуштат фискална, не враќав па не ми текна да побарам, за во продавница не знам дали би ти дале затоа што работите можеби се пуштени од друго место, подобро е да им пишиш
Така ќе направам. Што им станува вака што прават пропусти, баш сегде ги фалам дека само они даваат фискални.. Ај можда ја заборавиле да ја стават.
Здраво, прашањево е за Zara Home.. Дали доколку нешто е тргнато од веб страна, постои можност да го има во продавницата? Пред некој ден гледав лустери и теписи, сега скроз нови производи ставиле, ништо од старата роба нема..
@macimacika91 Дали производите ги пишуваше дека се достапни во продавницата? Бидејќи многу често има артикли што ги има на сајтот, а кога провериш за достапност (store availabilty), не дава резултати. Или се само достапни во одредени држави, пример Америка, Британија. Ако не, контактирај ги и ќе видиш што ќе ти кажат
Ги нема воопшто како производ на македонскиот сајт (од скоро). Ја видов шифрата од zarahome greece, се јавив петокот и ги имаа во продавницата.
Дали некој ги има купено или пробано купачиве конкретно горниот дел, ме интересира дали стојат вака како превиткани кај деколтето дали се познава материјалот од внатрешната страна?
@Dpokahontas Лично ги немам видено, но ги најдов кај една девојка на Инста како отприлика стојат. Спојлер: Zara bikini Односно тој преден дел иако е тенок, не се пресвиткува. Но, по тоа што можев да забележам на каталогот, тие немаат механизам за приспособување, па може напред да стојат поспуштено од вообичаено. При што, вака при наведнување како што е на рекламата, да се губи формата. Додатно во инфо пишува removable cups. Не знам дали подобро би стоеле во помал број од стандардниот пример што го носиш, со цел да бидат позатегнати горе. Исто забележав дека долниот дел го нема веќе на залиха, да знаеш за секој случај
Според мене многу специфичен модел кој не стои на сечија градба. Ако имаш мали гради и затегнати, цврсти и подигнати можеби океј некако ама ако имаш поголемки и поспуштени некако безвеза е и невкусно. Знам дека не праша за мислење туку праша конкретно за производот каков е но само се надоврзав за моделот. Се надевам нема да ми замериш.
@JuLleE Според мене, не би требало бидејќи гледам ги имаат тие дополнителни влошки напред и назад. И материјалот е солидно океј. Плус пвц напред, такви вообичаено се позатегнати. Јас имав од тие што се скроз што се мазни и полизгав материјал и не ми се лизгаа воопшто. А воедно се зависи од калапот на ногата и индивидуално на кој што му одговара. Ако си носиш влечки т.е знаеш убаво да одиш во нив, секоја влечка ќе ти биде океј
@JuLleE Ааа извини, мислев за калапот прашуваш За тоа лизгање, мислам дека да, бидејќи пвц влечките одоздола вообичаено им се вакви
@JuLleE Види ако не во продавниците како Пеко, за поквалитетни влечки. Да си пробаш, нешто што ќе го износиш. Еве овие им изгледаат модерни, (само изгледа последни на залиха им се, како и кафеавиот модел). По продавниците треба поубаво да се провери секако. https://peko.com.mk/mk/zhenski-papuchi/1937-12057-1812-6.html#/20,големина,37
Не сум во Мк, ама ги има и овде. Има едни на Тамарис, гума е тоа долу и не се лизга, ама и поскапи се. А баш џиџани ми се, таман ко што сакам јас.
@JuLleE Баш се супер, слатки и модерни и гласам да си ги купиш Квалитетни чевли се секогаш долгорочна инвестиција Ако не, почекај сигурно ќе имаат некој летен попуст, па ќе ги намалат @Amelia Не
Дечки ај малце помош. Прв пат направив Зара онлајн порачка,ако можи да ми кажите каде е таа опција да се испрати барање за враќање не можам да се снајдам,или пак кажете ми како се враќа истата по карго и како да направам да ми ги вратат парите бидејќи платив при подигање на пратката Хелппп