На самиот профил што ти е креиран на апликацијата, на местото каде што си ја добила пратката ќе видиш има опција да се врати, ќе си ги следиш постапките се ти е објаснето, ќе треба да внесиш трансакциона за да ти вратат пари, и да избериш дали сакаш ти да го однесиш продуктот во карго, или од карго да го земат
Здраво да прашам порачав од апликацијата на зара и дали има начин да се види од каде е испратена нарачката? Го нема производот во скопје, така да сакам да знам од каде е испратен
Па веројатно од Полска, ќе видиш на кутијата кога ќе ти стигне. Не сум приметила да известат од каде праќаат преку апликацијата или на мејл. Два пати до сега ми стасале работи и пишува Полска. Ако ги има кај нас, тогаш стои адресата на Сити мол, а од друго место од странство не ми стигнале мене освен како што пишав Полска.
@kloki Ќе видиш на налепницата на пакетот откако ќе ти стаса. Мене лично претходно сите ми беа од Гвадалахара, последните од Полска и пристигнаа за 1 недела. Откако ќе пристигне во државата, може да си следиш до каде е. А доколку ти е за времето, датумот што си го добила за тоа кога ќе пристигне, секогаш е точен
Ми треба помош. Имам нов телефон, ама не го памтам пасвордот на апликацијата од Зара и не можам да се најавам. Милион пати пробав со форгот пасворд, ништо не ми стига на меил. А тој е меилот, имам пораки од претходни нарачки. Пробав да направам нов акаунт, ама не можам, не ми дава префикс за Македонија. Кај грешам?
Нема ни во спам. Ја преинсталирав апликацијата, ми ја дава Македонија со префикс +398, а не +389. Внесувам податоци и нормално треба да ми стигни код за верификација на моб, а не ми стига пошто префиксот не е тој.
Епа тоа, не можам ни нов акаунт да направам, не ми дава префикс за мкд број. Не знам оти не можам да се снајдам.
Или пак да проба преку веб сајтот истото да го направи, тоест да проба да смени лозинка или да креира нов акаунт. Не може да не дава да се промени лозинка и нашиот префикс да не го препознава, сигурно нешто проблем има со апликацијата. Ја и ти ко дежурни у темава, баш сега ми дојде известување.
@Mrs. right Е да, не ја дочитав дека за апликацијата прашува. Секако, нека прво проба така, па ако не биде и така, нека им пише, да и средат