Работи и ставам работи во корпа, само после во 9 ќе е брзи прсти. Претходно празна корпа ми беше секогаш кога почнуваа попустите на ново да штракаш едно по едно
@IRBBB Да, и утре во продавниците. Напоменато е дека почетното време може да варира неколку минути поради технички причини.
Ставив прескаа во корпа се што сакам да нарачам . Влегов сега да си ги купам се е земено. Кога успеале да ги купат???
За дивно чудо, се што ставив иако не мислев дека ќе стои стоеше во корпа. Само 2 работи не беа достапни за нарачување. Инаку точно во 9 отворив и нарачав
@doll.a Јас сабалјето имав зачувано само 3 парчиња и за сите во текот на денот 100 пати се смени состојбата. Прво ги имаше во величината што ја сакав, па ги немаше, па беа out of stock, па на залиха, па дури и во new collection на крај преместени и така се во круг
Ленена кошула цел ден вака ми ја даваше и сега не ја ни има. Исто од детски оддел цел ден сите величини беа достапни во 9 аут оф сток.
Никогаш не купувам онлајн облека, не сакам без да го пробам да го купам парчето. Од помладите дознав што се прави... Сакам само да кажам Браво за Зара! Најавуваат акција, сите се затрчаа да купат пред акцијата по редовна цена за да не им ги снема работите. Се што нема да се продаде по редовната цена секако ќе оди на акција и пак ќе се продаде. Пола роба и повеќе со полна заработка ќе ја дадат, другото со помала заработка ама и тоа ќе се шитне. Да направеа обичен попуст помал ќар ќе имаа. Паметно нема што.
Инаку не е дека работите се продаваат за 1 секунда, мислам дека коа се вака попусти поголемиот дел работи ги вадат во продавниците и тоа не го регулираат онлајн дека веке нема во магацин и на нас ни дава дека има на залиха а уствари се изложени во продавниците и нема во магацин
@Waverly Raven Попуст има од секоја категорија на парчиња и попустот е различен. A има и дел каде има 40% намаление. Еве ти линк, сето што е опфанато во жолтото е на попуст, ќе си видиш https://www.zara.com/mk/en/
Здраво,дали се случува доколку некој производ го нема на залиха за онлајн порачка да го пуштат повторно во продажба или тешко таа работа?
@Lightdark дека сите заедно што ти се на попуст ќе ги начекаш во исто време тешко, ако е по редовна цена да ќе ги има.... не знам баш како им функционира алгоритмот... преку ден за кога мислиш? Пошто од вчера од 21 им се попустите